settings icon
share icon
Прашање

Што ќе се случи според пророштвата за последните времиња?

Одговор


Библијата има многу да каже за последните времиња. Скоро секоја книга од Библијата содржи пророштво кое се однесува за последните времиња. Земајќи ги во предвид сите овие пророштва и нивното организирање може да биде да биде тешко. Ова е само кратко резиме за тоа што Библијата изјавува дека ќе се случи во последните времиња.

Христос ќе ги отстрани сите нановородени верници од земјата во настан познат како Грабнувањето (1 Солунјаните 4:13-18; 1 Коринтјаните 15:51-54). Кај Христовиот суд, овие верници ќе бидат наградени за добрите дела и верната служба во текот на нивното време на земјата или ќе ги изгубат наградите, но не вечниот живот, поради недостаток на служба и покорност (1 Коринтјаните 3:11-15; 2 Коринтјаните 5:10).

Антихристот (Ѕверот) ќе дојде на власт и ќе склучи завет со Израел за седум години (Даниел 9:27). Овој седум – годишен период на време е познат како “Неволји.“ Во текот на периодот на неволјите, ќе има ужасни војни, глад, беди, и природни катастрофи. Бог ќе го излее Неговиот гнев против гревот, злото, и изопаченоста. Неволјите ќе ги вклучуваат четирите јавачи на Апокалипсата, седумте печати, трубите, и садовите на судот.

Отприлика на пола од седумте години, Антихристот ќе го прекрши заветот на мирот со Израел и ќе почне војна со него. Антихристот ќе го изврши “гнасниот пустошник“ и ќе постави слика од себе на која ќе треба да се поклонуваат во храмот во Ерусалим (Даниел 9:27; 2 Солунјаните 2:3-10), кој ќе биде одново изграден. Втората половина од неволјите е позната како “големата неволја“ (Откровение 7:14) и “времето на неволјата на Јаков“ (Еремија 30:7).

На крајот на седумте години од неволјите, Антихристот ќе започне со последен напад врз Ерусалим, кулминирајќи во битката на Армагедон. Исус Христос ќе се врати, ќе го уништи антихристот и неговите армии, и ќе ги фрли во огненото езеро (Откровение 19:11-21). Тогаш Христос ќе го врзе Сатаната во Бездната за 1000 години, и Тој ќе владее во Неговото земно царство во период од илјада години (Откровение 20:1-6).

По завршувањето на тие илјада години, Сатанта ќе биде ослободен, повторно поразен, и тогаш ќе биде фрлен во огненото езеро (Откровение 20:7-10) за цела вечност. Тогаш Христос ќе ги суди сите неверници (Откровение 20:10-15) пред судот на големиот бел престол, фрлајќи ги во огненото езеро. Тогаш Христос ќе ги доведе новото небо и новата земја и Новиот Ерусалим – вечното престојувалиште на верниците. Повеќе нема да има грев, тага, или смрт (Откровение 21 – 22 ).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што ќе се случи според пророштвата за последните времиња?
© Copyright Got Questions Ministries