Прашање
Како можам да ги евангелизирам пријателите и семејството без да ги навредам или отфрлам од себе?
Одговор
Во одреден момент, секој христијанин има член на семејството, пријател, колега, или познаник кој не е христијанин. Споделувањето на Евангелието со другите може да биде тешко, и може да стане уште потешко кога вклучува некој со кого ние имаме блиски емоционални врски. Библијата ни кажува дека некои луѓе ќе бидат навредени од Евангелието (Лука 12:51-53). Сепак, на нас ни е заповедено да го споделуваме Евангелието, и не постои изговор да не се прави тоа (Матеј 28:19 – 20; Дела 1:8; 1 Петар 3:15).
Па, како можеме да ги евангелизираме членовите на нашето семејство, пријателите, колегите, и познаниците? Најважното нешто што можеме да го направиме е да се молиме за нив. Да се молиме Бог да ги промени нивните срца и да ги отвори нивните очи за вистината на Евангелието (2 Коринтјаните 4:4). Да се молиме Бог да ги убеди за Неговата љубов кон нив и нивната потреба за спасение преку Исус Христос (Јован 3:16). Да се молиме за мудрост за како најдобро да им служиме (Јаков 1:5).
Треба да бидеме подготвени и храбри во нашето вистинско споделување на Евангелието. Објави ја пораката за спасението преку Исус Христос на твоите пријатели и семејството (Римјаните 10:9-10). Секогаш биди подготвен да зборуваш за твојата вера (1 Петар 3:15), и тоа со кротост и почит. Нема замена за лично споделување на Евангелието: “И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово“ (Римјаните 10:17).
Во прилог на молитвите и споделувањето на нашата вера, ние исто така треба да живееме побожен христијански живот пред нашите пријатели и членовите од нашето семејство, така што тие ќе можат да ја видат промената која Бог ја направи во нас (1 Петар 3:1-2). На крај, треба да го оставиме спасението на нашите најблиски на Бог. Божјата моќ и благодат се тие кои ги спасуваат луѓето, а не нашите напори. Најдоброто што можеме да го направиме е да се молиме за нив, да им сведочиме, и да го живееме Христијанскиот живот пред нив. Бог е Тој Кој прави семето да расте (1 Коринтјаните 3:6).
English
Како можам да ги евангелизирам пријателите и семејството без да ги навредам или отфрлам од себе?