Прашање
Дали ќе бидеме во состојба да ги гледаме и препознаеме нашите пријатели и членовите на нашето семејство на небото?
Одговор
Многу луѓе велат дека првото нешто што сакат да го направат кога ќе стигнат на небото е да ги видат сите нивни пријатели и возљубени кои починале пред нив. Во вечноста, ќе има доволно време да се видат, познаат, и да поминеме време со нашите пријатели и членовите на нашето семејство. Меѓутоа, тоа нема да биде нашиот примарен фокус на небото. Ќе бидеме повеќе зафатени со обожавањето на Бог и уживањето во убавините на небото. Нашите собири со нашите возљубени со поголема веројатност ќе бидат исполнети со раскажувањето на благодатта и славата на Бог во нашите животи, Неговата прекрасна љубов, и Неговите силни дела. Ние ќе се радуваме до толку повеќе бидејќи ќе можеме да го славиме и обожаваме Бог во друштво на други верници, особено оние кои ги сакавме на земјата.
Што Библијата вели за тоа дали ние ќе бидеме во состојба да ги препознаваме луѓето во задгробниот живот? Царот Саул го препозна Самоил кога гатачката од Ен-Дор го повика Самоил од сферата на мртвите (1 Самоил 28:8-17). Кога детето на Давид умре, Давид рече, “Јас ќе отидам при него, но тоа нема да се врати кај мене“ (2 Самоил 12:23). Давид претпоставуваше дека ќе биде во состојба да го препознае неговиот син на небото, и покрај фактот дека тоа починало како бебе. Во Лука 16:19-31, Авраам, Лазар, и богатиот човек сите беа препознатливи после смртта. На преобразувањето, Мојсеј и Илија беа препознатливи (Матеј 17:3-4). Во овие примери, изгледа дека Библијата укажува на тоа дека ќе бидеме препознатливи после смртта.
Библијата изјавува дека кога ќе пристигнеме на небото, ние ќе бидеме “како Него [Исус]; зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е“ (1 Јован 3:2). Исто како што нашите земни тела беа на првиот човек Адам, така и нашите воскреснати тела ќе бидат како Христовото (1 Коринтјаните 15:47). “И како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме обликот и на небесниот. Зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност“ (1 Коринтјаните 15:49,53). Многу луѓе го препознаа Исус после Неговото воскресение (Јован 20:16, 20; 21:12; 1 Коринтјаните 15:4-7). Ако Исус беше препознатлив во Неговото прославено тело, и ние исто така ќе бидеме препознатливи во нашите прославени тела. Да бидеме во можност да ги гледаме нашите возљубени е прекрасен аспект на небото, но небото е многу повеќе за Бог, а многу помалку за нас. Како задоволство ќе биде да бидеме споени со нашите возљубени и да Го обожаваме Бог заедно со нив, за сета вечност.
English
Дали ќе бидеме во состојба да ги гледаме и препознаеме нашите пријатели и членовите на нашето семејство на небото?