Прашање
Христијанско постење – што Библијата вели за тоа?
Одговор
Светото Писмо не заповеда христијаните да постат. Бог не наредува или го бара тоа од Христијаните. Во исто време, Библијата го претставува постењето како нешто што е добро, профитабилно, и корисно. Книгата Дела Апостолски дава извештаи за верниците како постат пред да направат важни одлуки (Дела 13:2, 14:23). Постењето и молитвата се често поврзани заедно (Лука 2:37; 5:33). Премногу често, во фокусот на постот е не земањето на храна. Наместо тоа, целта на постењето треба да биде да ги тргнеме нашите очи од работите од овој свет, за целосно да се фокусираме на Бог. Постењето е начин да Му се покаже на Бог, и на нас самите, дека сме сериозни во врска со нашиот однос со Него. Постењето ни помага да се здобиеме со нова перспектива и обновена доверба во Бог.
Иако постењето во Писмото е скоро секогаш постење од храна, сепак постојат и други начини да се пости. Откажувањето од било што со цел да го фокусираме нашето внимание кон Бог може да се смета за пост (1 Коринтјаните 7:1-5). Постењето треба да биде ограничено на одреден временски период, посебно кога постиме од храна. Подолги периоди на време без јадење може да биде штетно за нашиот организам. Постењето не е наменето да се казнува телото, туку да го свртиме нашето внимание кон Бог. Постењето исто така не треба да се смета како “диета“. Целта на библискиот пост не е да се изгуби тежина, туку да се здобие подлабоко заедништво со Бог. Секој може да пости, но некои можеби нема да бидат во можност да постат од храна (дијабетичари, на пример). Секој може привремено да се откаже од нешто со цел да се приближи до Бог.
Со одвраќањето на нашите очи од работите од овој свет, ние можеме поуспешно да свртиме нашето внимание кон Христос. Постењето не е начин Бог да направи тоа што ние сакаме. Постењето на променува нас, а не Бог. Постењето не е начин да изгледаме по духовни од другите. Постењето треба да се направи во понизен дух и радосен став. Матеј 6:16-18 вели, “Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“
English
Христијанско постење – што Библијата вели за тоа?