Прашање
Како може да бидам исполнет со Светиот Дух?
Одговор
Важен стих во разбирањето на исполнување со Светиот Дух е Јован 14:16, каде Исус ветува дека Духот ќе пребива во верниците и дека пребивањето ќе биде трајно. Важно е да се разликува пребивањето на Светиот Дух од исполнувањето. Трајното пребивање на Светиот Дух не е за одредена група верници, туку за сите верници. Постои голем број на референци во Библијата кои го подржуваат овој заклучок. Прво, Светиот Дух е дар даден на сите оние кои веруваат во Исус без исклучок, и нема поставени услови за овој дар освен вера во Христос (Јован 7:37-39). Второ, Светиот Дух ни е даден во моментот на спасението (Ефесјани 1:13). Галатјаните 3:2 ја нагласува истата вистина, велејќи дека запечатувањето и пребивањето на Светиот Дух зазема место во нас во моментот кога ќе поверуваме. Трето, Светиот Дух пребива во верниците трајно. Светиот Дух е даден на верниците како аванс, или проверка на нивната идна глорификација во Христос (2 Коринтјаните 1:22; Ефесјани 4:30).
Ова е спротивно од исполнувањето со Светиот Дух наведено во Ефесјаните 5:18. Треба да бидеме целосно предадени на Светиот Дух, така што Тој да може да не поседува целосно и, во таа смисла, да не исполни. Римјаните 8:9 и Ефесјаните 1:13-14 велат дека Тој пребива во секој верник, но Тој може да биде ожалостен (Ефесјани 4:30), и Неговата активност во нас може да биде згаснета (1 Солунјаните 5:19). Кога дозволуваме ова да се случи, ние не ја доживуваме полнотата на работата на Духот и Неговата моќ во, и преку нас. Да се биде исполнет со Духот подразбира слобода за Него да го има секој дел од нашиот живот, водејќи и контролирајќи не. Тогаш Неговата моќ може да биде извршена преку нас, така што ние ќе бидеме плодносни кон Бога. Исполнувањето на Светиот Дух не се однесува само на надворешните дела; се однесува и на највнатрешните мисли и мотиви на нашите активности. Псалм 19:14 вели, “Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избавителе мој!“
Гревот е она што го попречува исполнувањето на Светиот Дух, а послушноста кон Бог е начинот на кој се одржува исполнувањето со Духот. Ефесјаните 5:18 заповеда, да се исполнуваме со Светиот Дух; сепак, молењето да бидеме исполнети со Духот не го прави тоа. Само нашата покорност кон Божјите заповеди, Му дозволува на Духот слободно да работи во нас. Бидејќи сеуште сме инфицирани со грев, невозможно е да бидеме исполнети со Духот цело време. Кога грешиме, треба тоа веднаш да го исповедаме на Бог и да ја обновиме нашата посветеност да бидеме исполнети и водени од Духот.
English
Како може да бидам исполнет со Светиот Дух?