settings icon
share icon
Прашање

Како можам да им простам на оние кои згрешија против мене?

Одговор


Секој е бил навреден, повреден, или е згрешено против него во некој период. Како христијаните треба да однесуваат кога такви работи се случуваат? Според Библијата, ние треба да им простуваме на другите. Ефесјаните 4:42 вели, “Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштевајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа.“ Слично, Колосјаните 3:13 објавува, “Трпете се еден со друг и проштевајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштевајте и вие!“ Клучот во двата текста е дека ние треба да им простуваме на другите како што Бог ни прости нам. Зошто простуваме? Бидејќи ни беше опростено!

Опростувањето би било едноставно ако би требало да го дадеме на оние кои доаѓаат да го барат во тага и покајание. Библијата ни кажува дека треба да им простуваме на оние кои згрешиле против нас, без услов. Одбивајќи да навистина простиме на некоја личност, ние демонстрираме незадоволство, горчина, и лутина, што ни едно од овие не се карактеристики на вистински христијанин. Во Господовата Молитва, ние бараме од Бог да ни ги опрости нашите гревови, исто како што ние им простуваме на они кои згрешиле против нас (Матеј 6:12). Исус рече во Матеј 6:14-15, “Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам. Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.“ Во однос на другите текстови кои зборуваат за Божјата прошка, Матеј 6:14-15 најдобро се разбира кога кажува дека луѓето кои одбиваат да им простат на другите ни самите вистински не го искусиле Божјото опростување.

Секогаш кога ние не сме послушни на Божјите заповеди, ние грешиме против Него. Секогаш кога грешиме против друга личност, ние не само што грешиме против таа личност, но исто така и против Бог. Кога ќе земеме во предвид тоа што Бог ги опростува сите наши престапи, сфаќаме дека немаме право да ја задржиме оваа благодат против другите. Ние згрешивме против Бог бескрајно повеќе од било кој човек може да згреши против нас. Ако Бог ни опростува толку многу, како ние можеме да одбиваме да им простиме на другите толку малку? Параболата на Исус во Матеј 18:23-25 е моќна илустрација за оваа вистина. Бог ни ветува дека кога ќе дојдеме пред Него да бараме прошка, Тој слободно ни ја дарува (1 Јован 1:9). Опростувањето кое го пружиме не треба да знае за граници, на истиот начин како што Божјата прошка е без граници (Лука 17:3-4).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Како можам да им простам на оние кои згрешија против мене?
© Copyright Got Questions Ministries