Прашање
Што Библијата вели за геј бракот/истополовите брак?
Одговор
Додека Библијата се осврнува на хомосексуалноста, таа експлицитно не го споменува геј бракот/истополовите бракови. Меѓутоа, јасно е дека Библијата ја осудува хомосексуалноста како неморален и неприроден грев. Левит 18:22 го идентификува хомосексуалниот грев како мерзост, гнасен грев. Римјаните 1:26-27 ги изјавува хомосексуалните желби и постапки како срамни, неприродни, похотливи и непристојни. 1 Коринтјаните 6:9 вели дека хомосексуалците се неправедни и дека нема да го наследат царството Божјо. Бидејќи хомосексуалните желби и постапки се осудени во Библијата, јасно е дека кога хомосексуалците се “венчаваат“ не е Божја волја, и всушност, би било грешно.
Секогаш кога Библијата го споменува бракот, тоа е помеѓу маж и жена. Првото спомнување на бракот, Битие 2:24, го опишува како човек што ги остава своите родители и се соединува со неговата сопруга. Библиски гледано, бракот е животна заедница на маж и жена, првенствено заради изградба на семејство и обезбедување на стабилна околина за тоа семејство.
Сепак, Библијата не мора да се користи да се покаже ова разбирање за бракот. Библиското гледиште за бракот е универзалното разбирање за бракот во секоја човечка цивилизација во светската историја. Историјата расправа против геј бракот. Модерната секуларна психологија признава дека мажот и жената се психолошки и емоционално дизајнирани да се надополнуваат еден со друг. Во однос на семејството, психолозите тврдат дека односот помеѓу мажот и жената во кој двајцата брачни другари служат како добри родови модели на улоги е најдобриот амбиент во кој треба да се воспитат добро приспособени деца. Психологијата расправа против геј браковите. Во природата/физичката природа, јасно, мажот и жената се дизајнирани да се “вклопат“ заедно сексуално. Ако “природната“ цел на сексуалниот однос е размножувањето, тогаш е јасно е дека само сексуалната врска помеѓу мажот и жената може да ја исполни оваа цел. Природата расправа против геј браковите.
Значи, ако Библијата, историјата, психологијата и природата тврдат дека бракот е помеѓу маж и жена, зошто денес постои таква контроверзност? Зошто оние кои се противаат на хомосексуалните бракови / истополовите бракови се означени како омраза, нетолерантни фанатици, без разлика колку е почитувана опозицијата. Зошто движењето за права на хомосексуалците толку агресивно врши притисок за геј бракот / истополовиот брак кога повеќето луѓе, религиозни и нерелигиозни, подржуваат или барем помалку се спротивставуваат на геј двојките кои ги имаат сите законски права како брачни парови со некоја форма на граѓанска унија.
Одговорот, според Библијата, е дека секој по природа знае дека хомосексуалноста е неприродна и неморална, и единствениот начин да се потисне ова вродено знаење е со нормализирање на хомосексуалноста и напаѓање на било кој или сите противници на тоа. Најдобар начин за нормализирање на хомосексуалноста е ставање на геј браковите / истополовите бракови на еднаква рамнина на традиционалниот брак со спротивниот пол. Римјаните 1:18-32 го илустрира ова. Вистината е позната бидејќи Бог ја направи едноставна. Вистината е одбиена и заменета со лага. Потоа лагата се промовира а вистината е потисната и нападната. Ветувањето и гневот што го искажуваат многумина во движењето за правата на хомосексуалците за секој што им се спротивставува е, всушност, индикација дека тие знаат дека нивната позиција е неоправдана. Обидот да се надмине слабата позиција со подигање на гласот е најстариот трик во дебатната книга. Можеби не постои по точен опис на модерната агенда за геј права од Римјаните 1:31, “тие се неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви“.
Да се даде дозвола на геј браковите / истополовите бракови би било како да се даде одобрение на хомосексуалниот начин на живот, што Библијата јасно и доследно го осудува како грев. Христијаните треба цврсто да застанат против идејата за геј браковите / истополовите бракови. Понатаму, постојат силни и логички аргументи против геј браковите / истополовите бракови од контексти целосно одвоени од Библијата. Човек не мора да биде евангелски Христијанин да препознае дека бракот е помеѓу маж и жена.
Според Библијата, бракот е поставен од Бог да биде помеѓу маж и жена (Битие 2:21-24; Матеј 19:4-6). Геј браковите / истополовите бракови е перверзија на институцијата на бракот и навреда кон Бог кој го создал бракот. Како Христијани, ние не треба да преминуваме преку гревот или да го игнорираме. Наместо тоа, треба да ја споделуваме Божјата љубов и опростувањето на гревовите кое е достапно за сите, преку Исус Христос. Треба да ја зборуваме вистината во љубов (Ефесјани 4:15) и да се бориме за вистината со “кротост и страхопочит“ (1 Петар 3:15). Како Христијани, кога ќе застанеме за вистината и резултат е лични напади, навреди и прогон, треба да се потсетиме на зборовите на Исус: “Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас ме замрази. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази“ (Јован 15:18-19).
English
Што Библијата вели за геј бракот/истополовите брак?