Прашање
Како да имам правилни односи со Бог?
Одговор
За да имаме „правилни“ односи со Бог, ние треба да разбереме кои се „погрешните“ или „неправилните“ односи со Бог. Одговорот е: Грев! „Сите свртија заедно, сите се расипаа“ (Псалм 14:3) Ние се бунтуваме против Божјите заповеди; „Сите скитавме како овци“ (Исаија 53:6).
Лошата вест е дека казната за гревот е смрт. „Оној кој ќе згреши. Тој ќе умре“ (Езекиел 18:4). А добрата е дека Бог не љуби и настојува да нè спаси од нашите гревови. Исус кажува дека Неговата цел е: „да го бара и да го спаси изгубеното“(Лука 19:10), и ја објавува својата цел за исполнета, кога умира на крстот, со зборовите: „Се сврши!“ (Јован 19:30).
За да имаш правилни односи со Бог, прво треба да си го признаеш гревот. После тоа, со смиреност исповедај ги своите гревови пред Бог (Исаија 57:15) и земи одлука да го оставиш гревот. „...а со уста се исповедува за спасение“ (Римјани 10:10).
Покајувањето треба да биде придружено со вера – вера во тоа, дека саможртвената смрт на Исус Христос и Неговото чудотворно воскресение го прават твој Спасител. „Зашто ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш , дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен“ (Римјани 10:9). Во многу други стихови се зборува за потребата од вера, на пример во Јован 20:27; Дела 16:31; Галатјани 2:16; 3:11, 26; Ефесјани 2:8.
За да имаш правилни односи со Бог зависи од тоа, како ќе возвратиш на тоа што Бог Го направил за тебе. Тој испрати Спасител, осигури жртва, што ќе го однеме од тебе гревот (Јован 1:29) и ти го даде следното ветување: „И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси“ (Дела 2:21)
Еден прекрасен пример за покајанието и готовноста на Бог да простува е приказната за блудниот син (Лука 15:11-32). Помладиот син го потрошува богатството, што неговиот татко му го дава и извршување срамни гревови (13 стих). Кога разбра дека згрешил, блудниот син одлучува да се врати дома (18 стих). Тој си мисли дека татко му нема повеќе да го смета за свој син (20 стих), но греши. Таткото го сака непокорниот син исто толку колку и пред тоа (20 стих). Му простува сè и организира забава во чест на неговото враќање (24 стих).
Бог е добар и ги исполнува своите ветувања. Тој го исполнува и ветувањето – да простува. „Господ е близу до оние што се со скрушени срца, и ги спасува оние, што се со покајнички дух“ (Псалм 34:18).
Ако сакаш да имаш добри и правилни односи со Бог, тука ти предложуваме една едноставна молитва. Самото изговарање на овие зборови нема да те спаси. Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за спасението, што ти го дава. „Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“
English
Како да имам правилни односи со Бог?