settings icon
share icon
Прашање

Што е дарот на зборување на јазици?

Одговор


Првото појавување во говорењето на јазици се случи на денот на Педесетница во Дела 2:1-4. Апостолите излегоа и го споделија Евангелието со народот, зборувајќи им на нивните јазици: “еве слушаме како тие зборуваат за големите дела Божји на нашите јазици!“ (Дела 2:11). Грчкиот преведен збор јазици буквално значи “јазици.“ Затоа, дарот на јазици е зборување на јазик кој личноста не го знае со цел да му служи на некој кој го зборува тој јазик. во 1 Коринтјаните глави 12 – 14, Павле зборува за дарови, велејќи, “А сега, ако дојдам при вас, браќа, и ви зборувам на разни јазици, каква полза ќе имате од мене, кога не ви се објаснува било со откровение, било со познавање, било со пророкување, било со поука?“ (1 Коринтјаните 14:6). Според апостолот Павле, и во согласност со јазиците опишани во Дела, зборувањето на јазици е корисно за оној кој ја слуша Божјата порака во неговиот или нејзиниот јазик, но е бескорисно за секој друг, освен ако не е толкувано/преведено.

Лицето со дарот на толкување јазици (1 Коринтјаните 12:30) може да разбере што зборувал оној кој зборува на јазици дури иако тој не го знае јазикот што е зборуван. Толкувачкот на јазици тогаш би ја пренел пораката на тој што зборува на јазици на сите, така што сите да можат да разберат. “Затоа, оној што зборува на непознат јазик, нека се моли за дар да може да го толкува“ (1 Коринтјаните 14:13). Заклучокот на Павле во врска со јазиците кои не беа толкувани е силен: “Но в црква повеќе сакам да кажам пет зборови разбирливи, за да поучам и други, отколку илјадници зборови на непознат јазик“ (1 Коринтјаните 14:19).

Дали дарот на јазици е за денес? 1 Коринтјаните 13:8 споменува како дарот на јазици престанува, иако тоа се поврзува со прекинувањето на доаѓањето на “совршеното“ во 1 Коринтјаните 13:10. Некои укажуваат на разлика во терминологијата каде дарот на пророштво и знаење се намалува, додека јазиците се веќе “намалени“ како доказ дека јазиците се веќе намалени пред доаѓањето на “совршеното.“ Иако ова е можно, ова не конкретно јасно од текстот. Некои уште укажуваат на пасуси како Исаија 28:11 и Јоил 2:28-29 како доказ дека зборувањето на јазици беше знак за Божјиот суд кој доаѓа. 1 Коринтјаните 14:22 ги опишува јазиците како “знаци за неверниците.“ Според овој аргумент, дарот на јазици беше предупредување за Евреите дека Бог ќе Го суди Израел поради отфрлувањето на Исус Христос како Месија. Затоа, бидејќи Бог навистина го осуди Израел (со тоа што е разрушен Ерусалим од страна на Римјаните 70 година после Христос), дарот на јазици повеќе нема да и служи на својата намена. Додека ова гледиште е можно, примарната цел на јазиците би била исполнета али тоа не мора за сигурно да значи дека тие исчезнуваат. Светото Писмо не тврди убедливо дека дарот на јазици престана.

Во исто време, ако дарот на зборување на јазици беше активен денес, ќе се вршеше во согласност со Писмото. Ќе беше вистински и разбирлив јазик (1 Коринтјаните 14:10). Ќе беше за цел да се комуницира Божјиот Збор со лице на друг јазик (Дела 2:6-12). Ќе биде во согласност со заповедта која Бог Му ја даде на апостол Павле, “Ако некои зборуваат на непознат јазик, нека зборуваат по двајца, или најмногу тројца, и тоа по ред, а еден да толкува. Ако пак, нема толкувач, тогаш в црква да молчат, а нека си зборуваат во себеси и на Бога“ (1 Коринтјаните 14:27-28). Ќе биде исто во склад со 1 Коринтјаните 14:33, “оти Бог не е Бог на безредие, туку на мирот. Така е по сите цркви меѓу светиите.“

Бог дефинитивно може на некое лице да му даде дар на зборување на јазици да го овозможи него или неа да комуницира со личност која зборува друг јазик. Светиот Дух е суверен во распределбата на духовните дарови (1 Коринтјаните 12:11). Замислете само колку многу попродуктивни би биле мисионерите ако не мораа да одат на школо за јазици, и кога би биле во можност да зборуваат со луѓето на нивниот јазик. Меѓутоа, изгледа дека Бог не го прави ова. Јазиците не се појавуваат денес на начин на кој што беа во Новиот Завет, и покрај фактот дека ќе беа неизмерно корисни. Огромното мнозинство на верници кои тврдат дека го имаат дарот на зборување на јазици не го практикуваат во согласност со текстот споменет погоре. Овие факти не носат до заклучокот дека јазиците исчезнале или во најмала рака се реткост во Божјиот план за црквата денес.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е дарот на зборување на јазици?
© Copyright Got Questions Ministries