Прашање
Што е Големиот Бел Престол за Суд?
Одговор
Големиот бел престол за суд е опишан во Откровение 20:11-15 и е крајниот суд пред изгубените да бидат фрлени во огненото езеро. Знаеме од Откровение 20:7-15 дека овој суд ќе заземе место после милениумот и после Сатаната, ѕверот, и лажниот пророк кога ќе бидат фрлени во огненото езеро (Откровение 20:7-10). Книгите кои се отворени (Откровение 20:12) содржат податоци за делата на секого, без разлика дали се добри или лоши, бидејќи Бог знае се што некогаш било кажано, сторено, или помислено, и Тој ќе ги награди или казни секој соодветно (Псалм 28:4; 68:12; Римјаните 2:6; Откровение 2:23; 18:6; 22:12).
Исто така во ова време, друга книга е отворена, наречена “Книгата на Животот“ (Откровение 20:12). Тоа е оваа книга, која одредува дали едно лице ќе наследи вечен живот со Бог или ќе добие вечна казна во огненото езеро. Иако христијаните се одговорни за своите постапки, на нив им е опростено во Христос и нивните имиња беа запишани во “Книгата на Животот од создавањето на светот“ (Откровение 17:8). Исто така знаеме од Писмото дека на овој суд мртвите “им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела“ (Откровение 20:12) и дека “кој не беше запишан во Книгата на Животот“ ќе биде “фрлен во огненото езеро“ (Откровение 20:15).
Фактот дека ќе има конечен суд за сите луѓе, верници и неверници, е јасно потврден во многу текстови од Библијата. Секој човек еден ден ќе застане пред Христос и ќе биде суден за неговите или нејзините дела. Иако е јасно дека големиот бел престол за суд е крајниот суд, христијаните не се согласуваат за тоа како тоа се однесува за другите судови споменати во Библијата, специфично, кој ќе биде суден на големиот бел престол за суд.
Некои христијани веруваат дека Светото Писмо ни покажува три различни суда кои треба да дојдат. Првиот е судот на овците и козите или судот на народите (Матеј 25:31-36). Ова зазема место после периодот на неволјите но пред милениумот; неговата цел е да одреди кој ќе влезе во илјадагодишното царство. Вториот е судот на делата на верниците, кој често се нарекува како “Христовиот суд“ (2 Коринтјаните 5:10). На овој суд, христијаните ќе добијат степени на награда за нивните дела или служба на Бог. Третиот е големиот бел престол за суд на крајот од илјадагодишното царство (Откровение 20:11-15). Ова е судот на неверниците во кој тие се судени според нивните дела и осудени на вечна пропаст во огненото езеро.
Други Христијани веруваат дека сите три од овие судови зборуваат за истиот краен суд, не за три одделни судови. Со други зборови, големиот бел престол за суд во Откровение 20:11-15 ќе биде времето кога верниците и неверниците на ист начин ќе бидат судени. Оние чии имиња се најдени во Книгата на Животот ќе им биде судено за нивните дела, со цел да се одредат наградите кои тие ќе ги добијат или изгубат. Оние чии имиња не се во Книгата на Животот ќе им се суди според нивните дела да се одреди степенот на казната која што ќе ја примат во огненото езеро. Тие кои го држат овој поглед веруваат дека Матеј 25:31-46 е друг опис на тоа што ќе се случува на големиот бел престол за суд. Тие укажуваат на фактот дека дека резултатот од овој суд е истиот од она што е видено после големиот бел престол за суд во Откровение 20:11-15. Овците (верниците) влегуваат во вечен живот, додека козите (неверниците) се фрлени во “вечна казна“ (Матеј 25:46).
Кој било поглед што некој го држи за големиот бел престол за суд, важно е да не изгуби вид на фактите кои што се однесуваат за судот(судовите) кои доаѓаат. Прво, Исус Христос ќе биде судијата, сите неверници ќе бидат судени од Христос, и ќе бидат казнети според делата кои ги сториле. Библијата е многу јасна дека неверниците си собираат гнев против самите себеси (Римјаните 2:5) и дека Бог “ќе му даде секому според неговите дела“ (Римјаните 2:6). Верниците исто така ќе бидат судени од Христос, но бидејќи Христовата праведност ни беше припишана на нас и нашите имиња се запишани во Книгата на Животот, ние ќе бидеме наградени, но не казнети, според нашите дела. Римјаните 14:10-12 вели дека сите ние ќе застанеме пред Христовиот суд и секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.
English
Што е Големиот Бел Престол за Суд?