Можат ли луѓето на Небото да погледнат долу и да не видат нас кои се уште сме на Земјата?



Прашање: Можат ли луѓето на Небото да погледнат долу и да не видат нас кои се уште сме на Земјата?

Одговор:
Некои во Евреите 12:1 ја гледат идејата дека луѓето на небото може да бидат во можност да погледнат надолу и да не видат нас: “Затоа и ние, имајќи околу себе толкав облак сведоци...“ “Сведоците“ се хероите на верата наведени во Евреите 11, и фактот дека ние сме “опкружени“ од нив води некои коментатори дека тие херои (а веројатно и други луѓе) не гледаат нас од небото.

Идејата дека луѓето не гледаат нас од небото да видат што правиме е честа појава во популарната култура. Но, колку и да ни се допаѓа идејата дека нашите успокоени не гледаат, тоа не е она што Евреите 12:1 го поучува. Составот на Евреите 11, авторот го започнува со изготвување на некои практични лекции (затоа поглавје 12 започнува со “Затоа“). “Сведоците“ се луѓето кои Бог ги пофалува за нивната вера во поглавје 11, и има голема толпа од нив на небото. Прашањето е, на кој начин тие се “сведоци“?

Правилното толкување на Евреите 12:1 е дека мажите и жените кои го формираат “толкавиот облакот на сведоци“ се сведоците на вредноста на живеење преку вера. Приказните од Стариот Завет даваат сведоштво за благословот за изборот на вера над стравот. Да се парафразира почетокот на Евреите 12:1, “Бидејќи имаме толку многу испробани-и-вистински примери на докажаната вера...“ Значи, не дека луѓето на небото не гледаат нас (како да нашите животи на земјата се толку интересни или дека тие немаат нешто попаметно да прават!), туку дека тие кои се отидени пред нас поставија траен пример за нас. Записот на нивните животи сведочи за верата и Бог и вистината.

Евреите 12:1 продолжува, “Да ги положиме настрана: секое време и гревот кој нѐ сплеткува лесно и да трчаме со трпение на трката што ни е поставена пред нас.“ Поради верата и истрајноста на верниците кои кои отидоа пред нас, ние сме инспирирани да останеме на насоката во нашата трка на верата. Ги следиме примерите на Авраам и Мојсеј и Раав и Гидеон и др.

Некои луѓе посочуваат на споменувањето на браќата на богатиот човек во Лука 16:28 како доказ дека успокоените души (во адот во најмала рака) можат да ги гледат настаните на земјата. Меѓутоа, пасусот не вели дека богатиот човек можеше да ги види своите браќа; тој знаеше дека има браќа, и знаеше дека се неверници. Исто така, некои луѓе го користат Откровение 6:10 како текст за доказ: мачениците од неволјите повикуваат кон Бог да ја одмазди нивната смрт. Повторно, овој пасус не кажува ништо за тоа дека мачениците ги гледаат луѓето на земјата; едноставно кажува дека тие знаеле дека заслужуваат правда и сакаа Господ да преземе акција.

Библијата не кажува конкретно дека луѓето на небото не можат да не погледнат нас, па, затоа, не можеме да бидеме догматични. Сепак, неверојатно е дека можат. Луѓето на небото, веројатно се преокупирани со други работи, како што е да го обожаваат Бог и да уживаат во славата на небото.

Без разлика дали луѓето на небото можат да не видат нас, ние не ја трчаме нашата трка за нив. Не се надеваме на нивно одобрување и слушање на нивни аплаузи. Евреите 12:2 го држи нашиот фокус таму каде што припаѓа: “Гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера.“ Исус е нашата благословена надеж, нема друг (Тит 2:13).


вратете се назад на основната македонска страница

Можат ли луѓето на Небото да погледнат долу и да не видат нас кои се уште сме на Земјата?