settings icon
share icon
Прашање

Дали пеколот е вистински? Дали пеколот е вечен?

Одговор


Интересно е дека многу повисок процент на луѓе веруваат во постоењето на небото отколку што веруваат во постоењето на пеколот. Според Библијата, сепак, пеколот е исто толку вистински како и небото. Библијата јасно и експлицитно учи дека пеколот е вистинско место во кое злите/неверните се испратени после смртта. Сите згрешивме против Бог (Римјани 3:23). Праведната казна за гревот е смртта (Римјани 6:23). Бидејќи секој наш грев е против Бог (Псалм 51:4), и бидејќи Бог е бесконечно и вечно Битие, казната за гревот, смртта, мора исто така да биде бесконечна и вечна. Пеколот е оваа бесконечна и вечна смрт која ние ја заслуживме поради нашиот грев.

Казната за злите, мртви во пеколот е опишана низ Библијата како “вечен оган“ (Матеј 25:41), “неизгаслив оган“ (Матеј 3:12), “срам и вечен презир“ (Даниел 12:2), место каде “огнот не изгорува“ (Марко 9:44-49), место на “измачување“ и “оган“ (Лука 16:23-24), “вечна пропаст“ (2 Солунјаните 1:9), место каде што “димот на нивното измачување ќе се издига во вечни векови“ (Откровение 14:10-11), и “огнено и сулфурно езеро“ каде што злите “ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков“ (Откровение 20:10).

Казната за злите, во пеколот, никогаш нема да заврши како и блаженството на праведните во небото. Исус Самиот укажуваше на тоа дека казната во пеколот е вечна исто како што и животот на небото (Матеј 25:46). Злите засекогаш се предмет на бесот и гневот на Бог (Псалм 76:10). Тие кои што се во пеколот ќе знаат дека нивната казна е праведна и дека тие самите се виновни (Второзаконие 32:3-5). Да, пеколот е вистински. Да, пеколот е место на измачување и казна кои траат засекогаш, без крај. Слава на Бог, преку Исус, ние можеме да ја избегнеме оваа вечна пропаст (Јован 3:16, 18, 36).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали пеколот е вистински? Дали пеколот е вечен?
© Copyright Got Questions Ministries