settings icon
share icon
Прашање

Што тоа значи дека човекот е е створен според ликот и сличноста на Бог (Битие 1:26-27)?

Одговор


На последниот ден од создавањето, Бог рече: “Да направиме човек според Нашиот лик, според Нашата сличност“ (Битие 1:26). Така, Тој ја заврши Неговата работа со “нешто посебно“. Бог го створи човекот од правот и му даде живот преку Неговиот здив (Битие 2:7). Според тоа, човекот е единствен меѓу сите Божји созданија, имајќи материјално тело и нематеријална душа/дух.

Да се има ликот или сличноста на Бог значи, во наједноставни термини, дека ние сме создадени да наликуваме на Бог. Адам не наликуваше на Бог во смисла на тоа дека Бог имаше тело и крв. Писмото вели дека “Бог е Дух“ (Јован 4:24) и затоа постои без тело. Сепак, телото на Адам го отсликуваше Божјиот живот, на начин дека е створено со совршено здравје и не е подложно на смрт.

Ликот Божји се однесува на нематеријалниот дел кај човекот. Го одвојува човекот од животинскиот свет, го прави соодветен за власта која Бог му ја намени да ја има на земјата (Битие 1:28), и му овозможува да биде во заедница со својот Создател. Тоа е една сличност во ментална, морална, и социјална смисла.

Ментално, човекот беше создаден како рационаленo суштество со волја. Со други зборови, човекот може разумно да размислува и човекот може да избира. Ова е одразот на Божјиот интелект и слобода. Секогаш кога некој ќе измисли машина, пишува книга, обојува слика, ужива во симфонија, пресметува сума, или именува милениче, тој или таа го објавуваат фактот дека ние сме создадени во Божјиот лик.

Морално, човекот беше создаден во праведна и совршена невиност, одраз на Божјата светост. Бог виде се што Тој направи (вклучувајќи го и човештвото) и го нарече “многу добро“ (Битие 1:31). Нашата совест или “моралниот компас“ е остаток од таа првобитна состојба. Секогаш кога некој пишува закон, се одвратува од злото, го фали доброто однесување, или се чувствува виновен, тој го потврдува фактот дека ние сме создадени во Божјиот лик.

Социјално, човекот беше создаден за заедништво. Ова ја одразува Божјата троедина природа и Неговата љубов. Во Едем, примарниот однос на човекот беше со Бог (Битие 3:8 подразбира заедништво со Бог), и Бог ја створи првата жена бидејќи “не е добро за човекот да биде сам“ (Битие 2:18). Секогаш кога некој се венчава, наоѓа пријател, прегрнува дете, или присуствува на црква, тој го демонстрира фактот дека ние сме создадени во Божјата сличност.

Дел од тоа дека сме створени во Божјиот лик е дека Адам имал капацитет да носи слободни одлуки. Иако му беше дадена праведна природа, Адам направи злобен избор да бунтува против својот Создател. Правејќи го тоа, Адам го наруши ликот на Бог во себе, и тој го пренесе тој негов оштетен лик на сите свои потомци (Римјани 5:12). Денес, ние се уште го носиме Божјиот лик (Јаков 3:9), ), но исто така ги носиме и лузните од гревот. Ментално, морално, социјално, и физички ние ги покажуваме ефектите од гревот.

Добрата вест е дека кога Бог откупува поединец, Тој започнува да го враќа во оригиналниот Божји лик, создавајќи “нов човек, кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината“ (Ефесјаните 4:24). Тоа откупување е можно само по Божјата благодат преку верата во Исус Христос како наш Спасител од гревот кој не одвојува од Бог (Ефесјаните 2:8-9). Преку Христос, ние сме нови созданија во Божјата сличност (2 Коринтјаните 5:17).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што тоа значи дека човекот е е створен според ликот и сличноста на Бог (Битие 1:26-27)?
© Copyright Got Questions Ministries