Прашање
Што е Христовиот судски престол?
Одговор
Римјаните 14:10-12 вели, “Зашто, сите ќе застанеме пред Христовиот судски престол.... И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.“ 2 Коринтјаните 5:10 ни кажува, “Зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло.“ Во контекстот, јасно е дека двата текста се однесуваат за христијаните, не за неверниците. Христовиот судски престол, според тоа, ги вклучува верниците како дават отчет за нивните животи на Христос. Христовиот судски престол не го одредува спасението; тоа беше утврдено преку Христовата жртва за нас (1 Јован 2:2) и нашата вера во Него (Јован 3:16). Сите наши гревови се опростени, и ние никогаш нема да бидеме осудени за нив (Римјани 8:1). Не треба да гледаме на Христовиот судски престол како место на кое Бог ги суди нашите гревови, туку како на место на кое Бог не наградува за нашите животи. Да, како што вели Библијата, ние ќе треба да дадеме отчет за нас самите. Дел од ова се однесува на гревовите кои сме ги сториле. Меѓутоа, тоа нема да биде примарниот фокус на Христовиот судски престол.
На Христовиот судски престол, верниците ќе бидат наградени врз основа на тоа колку верно Му служеле на Христос (1 Коринтјаните 9:4-27; 2 Тимотеј 2:5). Некои од работите за кои може да ни се суди е тоа колку сме биле послушни на Големата Наредба (Матеј 28:18-20), колку победоносни сме биле над гревот (Римјаните 6:1-4), и колку добро сме ги контролирале јазиците (Јаков 3:1-9). Библијата зборува за верниците како примат круни за различни нешта врз основа на тоа колку верно Му служеле на Христос (1 Коринтјаните 9:4-27; 2 Тимотеј 2:5). Различните круни се опишани во 2 Тимотеј 2:5, 2 Тимотеј 4:8, Јаков 1:12, 1 Петар 5:4, и Откровение 2:10. Јаков 1:12 е добар преглед на тоа како треба да размислуваме за Христовиот судски престол: “Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат.“
English
Што е Христовиот судски престол?