Прашање
Како можам да знам дали сум заљубен?
Одговор
Љубовта е многу силна емоција. Таа мотивира голем дел од нашите животи. Вршиме многу важни одлуки врз основа на оваа емоција, па дури и се венчаваме затоа што чувствуваме дека сме “вљубени.“ Ова може да биде причината дека половина од сите први бракови завршуваат со развод. Библијата не учи дека вистинската љубов не е емоција што може да дојде и да си замине, туку одлука. Не треба да ги сакаме само тие кои што не сакаат нас; треба да ги сакаме и тие кои што не мразат, исто како што Христос ги сака одбивните (Лука 6:35). Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува. Сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува. (1 Коринтјаните 13:4-7).
Може да биде многу лесно да се “заљубите“ во некого, но има некои прашања што треба да ги поставите пред да одлучите дали она што го чувствувате е вистинска љубов. Прво, дали оваа личност е Христијанин, што значи, дали го дал животот за Христос? Дали тој/таа веруваат само во Христос за спасение? Исто така, ако размислувате да го дадете срцето и емоциите на оваа една личност, треба да се запрашаш дали си спремен да ја ставите таа личност над сите луѓе, и да ја ставиш твојата врска на второ место само до Бог. Библијата ни вели дека кога двајца луѓе се венчаваат, тие стануваат едно тело (Битие 2:24; Матеј 19:5).
Друга работа што треба да се разгледа е дали саканата личност е добар кандидат за да стане партнер. Дали тој/таа го ставил/а Бог на прво и најважно место во неговиот/нејзиниот живот? Дали тој/таа е желен/а да го даде неговото/нејзиното време и енергија за градење на врската во брак кој ќе трае цел живот. Нема мерно стапче да се утврди кога навистина сме вљубени во некого, но важно е да се разбере дали ги следиме нашите емоции или ја следиме Божјата волја за нашите животи. Вистинската љубов е одлука, не само емоција. Вистинската љубов е одлука, а не само емоција. Вистинската библиска љубов е љубовта на целото време, а не само кога се чувствувате "вљубени".
English
Како можам да знам дали сум заљубен?