Прашање
Како можам да знам дали нешто е грев?
Одговор
Постојат два работи кога се работи за ова прашање, работите кои Библијата конкретно ги споменува и ги прогласува за грев и оние кои Библијата не ги споменува директно. Библиските листи на различни гревови ги вклучуваат Изреки 6:16-19, Галатјаните 5:19-21, и 1 Коринтјаните 6:9-10. Нема сомнеж дека овие пасуси ги презентираат овие активности како грешни, работи кои Бог не ги одобрува. Убиство, прељуба, лажење, крадење, итн. – не постои сомнеж дека Библијата ги презентира таквите работи како грев. Потешката работа е да се одреди што е грешно во областите каде што Библијата не споменува директно. Кога Библијата не опфаќа одреден предмет, имаме некои општи принципи во Неговиот Збор да не водат.
Прво, кога нема конкретна библиска референца, добро е да се праша не дали одредена работа е погрешна, туку, дали е дефинитивно добра. Библијата на пример кажува, “Ползувајте го времето“ (Колосјаните 4:5). Нашите малку денови овде на земјата се толку кратки и скапоцени во однос на вечноста, така што никогаш не треба да трошиме време на себични работи, туку да ги користиме само на она што е “полезно за изградување, - каде е потребно, за да им даде благодат на слушателите“ (Ефесјаните 4:29).
Добар тест да се утврди е дали искрено можеме, во добра совест, да побараме од Бог да не благослови и да ја искористи одредената активност за Неговите добри цели. “Според тоа, јаде ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, правете се за Божја слава“ (1 Коринтјаните 10:31). Ако има простор за сомнеж за тоа дали му е угодно на Бог, тогаш тоа е најдобро да се откаже. “А сѐ што не е од вера, грев е“ (Римјаните 14:23). Треба да запаметиме дека нашите тела, како и нашите души, беа откупени и му припаѓаат на Бог. “Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји“ (1 Коринтјаните 6:19-20). Оваа голема вистина треба да има вистинско влијание врз она што го правиме и каде одиме.
Покрај тоа, ние мора да ги оцениме нашите постапки не само во однос кон Бог, но, исто така, и во однос на нивното влијание врз нашето семејство, пријатели, и другите луѓе во целина. Дури иако одредена работа не може да ни наштети нас лично, ако тоа штетно влијае врз некој друг, тоа е грев. “Добро е да не се јаде место, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто, поради што твојот брат се сопнува или соблазнува, или слабее... Ние силните должни сме да ги носиме слабостите на слабите, а не да си угодуваме сами на себеси“ (Римјаните 14:23, 15:1).
Накрај, запомнете дека Исус Христос е нашиот Господ и Спасител, и не смееме да дозволиме да било што друго биде приоритет во однос на нашата сообразност со Неговата волја. Никаква навика или рекреација или амбиција не смее да има прекумерена контрола врз нашите животи; само Христос го има тој авторитет. “Сѐ ми е дозволено, но не е сѐ полезно. Сѐ ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене“ (1 Коринтјаните 6:12). “И сѐ што правите со збор или дело, правете сѐ во името на Господа Исуса, благодарејќи Му на Бог Таткото преку Него“ (Колосјаните 3:17).
English
Како можам да знам дали нешто е грев?