settings icon
share icon
Прашање

Како можам со сигуност да знам, дека кога ќе умрам ќе бидам во рајот?

Одговор


Дали со сигурност знаеш, дека имаш вечен живот и дека ќе бидеш во рајот после твојата смрт? Бог сака да бидеме сигурни во тоа. Во Библијата пишува: „Ова ви го напишав вам, кои верувате во Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во Името на Божјиот Син.“ (I Јован 5:13) Да речеме дека ќе застанеш пред Бог сега и Тој ќе те запраша: „Зошто да те пуштам да влезеш во рајот?“ Што ќе му одговориш? Можеби нема да знаеш што да одговориш. Тоа, што треба да го знаеш е: дека Бог нè љуби и осигурал начин, со кој можеме да бидеме сигурни, каде ќе бидеме после смртта. Во Библијата тоа е опишано по следниов начин: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16)

Прво ние треба да научиме што е тоа што ни пречи да отидеме во рајот. Проблемот е во тоа, дека нашата грешна природа ни пречи да имаме добри односи со Бог. Ние и по природа и по својот избор сме грешници. „Зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава.“ ( Римјани 3:23) Ние не можеме да се спасиме со сопствена сила. „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар, не од делата, за да не се фали некој.“ (Ефесјани 2:8, 9). Ние заслужуваме смрт и нашето место е во пеколот. „Зашто смртта е плата за гревот...“ (Римјани 6:23).

Бог е справедлив и треба да го казни секој грев. Истовремено, Тој нè љуби и ни ги простува нашите гревови. Исус кажува: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот, никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ (Јован 14:6) Исус умре на крстот наместо нас: „Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведниот за неправедните за да нè приведе при Бога.“ (I Петрово 3:18). Исус воскресна од мртвите: „Кој беше предаден за нашите гревови и беше воскреснат за наше оправдание.“ (Римјани 4:25)

И така, да се вратиме сега на прашањето што го поставивме во самиот почеток: „Како можам со сигуност да знам, дека кога ќе умрам ќе бидам во рајот?“ Одговорот е следниов: Поверувај во Исус Христос и ќе бидеш спасен (Дела 16:31) „А на сите, кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име.“ (Јован 1:12) Ти можеш да добиеш вечен живот како ДАР. „Но благодатниот Божји дар е – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјани 6:23) Можеш да живееш смислен и успешен живот уште од овој момент. Исус кажува: „Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ (Јован 10:10) Можеш да ја поминеш целата вечност со Исус, затоа што Тој го ветува тоа: „И кога ќе отидам и ви приготвам место пак ќе дојдам и ќе ве замам при Себе, за да бидете и вие каде што сум Јас.“ (Јован 14:3)

Ако сакаш да Го прифатиш Исус Христос за твој Спасетел и да добиеш опростување на твоите гревови, тука ти предложуваме една едноставна молитва. Самото изговарање на оваа, или било која друга, молитва нема да те спаси. Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за спасението, што ти го дава. „Боже знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“

English



вратете се назад на основната македонска страница

Како можам со сигуност да знам, дека кога ќе умрам ќе бидам во рајот?
© Copyright Got Questions Ministries