Прашање
Дали вечната сигурност на спасението е “лиценца“ за грев?
Одговор
Најчестиот приговор за доктрината на вечната сигурност на спасението е во тоа што, наводно, им овозможува на луѓето да живеат на начин на кои што тие сакаат и сеуште да бидат спасени. Додека ова “технички“ може да биде точно, во реалноста не е така. Личноста, која што навистина била избавена од Исус Христос нема да живее живот карактеризиран со постојан, намерен грев. Треба да правиме разлика помеѓу тоа како Христијанинот треба да живее, и што човек треба да направи да добие спасение.
Библијата е јасна дека спасението е по благодат, преку верата, во Исус Христос (Јован 3:16; Ефесјани 2:8-9; Јован 14:6). Во моментот кога човек навистина ќе поверува во Исус Христос, тој или таа е спасен и е сигурен во спасението. Спасението не се стекнува со вера, а потоа да се одржи преку дела. Апостолот Павле го разгледува овој проблем во Галатјаните 3:3 каде прашува, “Толку ли сте неразумни? Откако почнавте со Духот, со тело ли сега завршувате?“ Ако сме спасени преку верата, нашето спасение исто така се одржува и е сигурно преку верата. Не можеме да го заработиме нашето сопствено спасение. Затоа, неможеме да го заработиме одржувањето на нашето спасение. Бог е Тој кој го одржува нашето спасение (Јуда 24). Божјата рака е таа која што не држи цврсто во Неговиот дофат. Божјата љубов е таа од која ништо не може да не одвои (Римјаните 8:38-39).
Секое одрекување на вечната сигурност на спасението, во суштина е, верување дека треба самите да го одржуваме нашето спасение со нашите добри дела и напори. Ова е сосема спротивно од спасението по благодат. Спасение сме поради Христовите напори, а не нашите (Римјаните 4:3-8). Да се тврди дека мора да се покоруваме на Божјиот Збор или да живееме побожен живот со цел да го одржиме нашето спасение е да се тврди дека дека смртта на Исус не беше доволна да ја плати казната за нашите гревови. Исусовата смрт беше сосем доволна да плати за сите наши гревови – минати, сегашни, и идни, пред – спасението и после спасението (Римјаните 5:8; 1 Коринтјаните 15:3; 2 Коринтјаните 5:21).
Дали ова значи дека Христијанинот може да живее на начин како што тој сака и сеуште да биде спасен? Во суштина ова е хипотетичко прашање, бидејќи Библијата е јасна дека вистинскиот Христијанин нема да живее “како што тој сака.“ Христијаните се нови созданија (2 Коринтјаните 5:17). Христијаните ги покажуваат плодовите на Светиот Дух (Галатјаните 5:22-23). 1 Јован 3:6-9 јасно кажува дека вистинскиот Христијанин нема да живее во постојан грев. Како одговор на обвинувањата дека благодатта подржува грев, апостолот Павле вели, “Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се умножи благодатта? Никако! Ние, кои сме умреле за гревот, како ќе живееме во него уште?“ (Римјани 6:1-2).
Вечната сигурност на спасението не е лиценца за грев. Напротив, тоа е сигурност во која знаеме дека Божјата љубов е загарантирана за оние кои веруваат во Христос. Познавајќи и разбирајќи го Божјот огромен дар на спасението реализира во спротивност од давање лиценца за грев. Како е можно, некој, знаејќи ја цената со која Исус Христос ја плати за нас, да живее живот во грев (Римјани 6:15-23)? Како, некој, кој ја разбира Божјата безусловна и гарантирана љубов за оние кои веруваат, би можел да ја зеде таквата љубов и да ја фрли во Божјото лице? Таквиот човек покажува не дека вечната сигурност на спасението му дала лиценца за грев, но покажува дека тој или таа не го искусиле спасението преку Исус Христос. “Секој, кој што пребива во Него, не греши; секој, што греши, не Го видел, ниту Го познал“ (1 Јован 3:6).
English
Дали вечната сигурност на спасението е “лиценца“ за грев?