Прашање
Дали има живот после смртта?
Одговор
Дали има живот после смртта? Во Библијата пишува:„ Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји. Како цвет никне и веќе венее, бега како сенка, не застанувајќи... зашто, кога човекот умре, зар може да оживее?“ (Јов 14:1, 2, 14)
Исто како и Јов, секој еден од нас си го поставувал некогаш ова прашање: „Што ќе се случи со нас откако ќе умреме?“ Дали едноставно престануваме да постоиме? Дали животот не е една врата преку која доаѓаш и заминуваш, додека не постанеш голем? Дали сите луѓе ќе отидеме на исто место или ќе отидеме на различни места? Дали навистина има рај и пекол или тоа е само една измислица?
Во Библијата се кажува дека после смртта, не само дека постои живот, но дека тој е вечен и толку славен и е: „Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат Бога.“ (I Коринтјани 2:9) Исус Христос, Бог во тело, дојде на земјата, за да ни го подари дарот – вечен живот. „ За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите безаконија.“ (Исаија 53:5)
Исус ја претрпе казната, која секој еден од нас ја заслужува, и го пожртвува Својот живот за нас. Три дена откако умре, Тој докажа дека ја победил смртта, кога воскресна од мртвите во Дух и тело. Остана на земјата цели 40 дена и се појавуваше пред илјади луѓе, пред да се вознесе до Својот вечен трон на небото. Во Римјани 4:25 се кажува: „Кој беше предаден за нашите гревови и беше воскреснат за наше оправдание.“
Воскресението на Исус Христос е еден добро документиран случај. Апостол Павле ги предизвикува луѓето да прашаат за тоа оние, кои биле сведоци на таа вистина. Никој до сега не успеал да ја демантира таа вистина. Воскресението е камен темелник на христијанската вера, и точно поради тоа, дека Исус воскресна од мртвите, и ние можеме да веруваме, дека и ние ќе воскреснеме.
Ете како апостол Павле ги убедува оние христијани од раната црква, кои не верувале во воскресението: „Но, ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како некои меѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите? Ако нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал.“ (I Коринтјани 15:12-13).
Христос е само првиот плод од големата жетва на луѓе, кои ќе бидат воскреснати од мртвите. Физичката смрт дојде преку еден човек – Адам, со кој сите ние имаме крвна врска. Но на сите, кои се осиновени во Божјото семејство, преку вера во Исус Христос, ќе им се даде нов живот (I Коринтјани 15:20-22). Како што Бог го воскресна телото на Исус, така и нашите тела ќе бидат воскреснати при второто враќање на Исус Христос на земјата. (I Коринтјани 6:14).
Но покрај тоа, што сите луѓе ќе воскреснат - не сите ќе отидат во рајот. Секој човек треба да реши, додека е сеуште на земјата, каде сака да ја помине вечноста. Во Библијата пишува, дека на човекот му е определено да живее само еднаш, и после тоа му претстои суд. (Евреи 9:27) Тие што биле праведници ќе живејат во рајот, а тие што неверувале ќе бидат испратени на вечна казна т.е во пеколот. (Матеј 25:46).
Пеколот како и рајот, не е само една апстрактна состојба на постоење, но конкретно, реално место. Тоа е место, каде што неправедните ќе го трпат бескрајниот и вечен Божји гнев. Тие ќе бидат мачени како и физички така и емоционално и умствено и сосема свесно ќе страдаат од срам, жал и презир.
Пеколот е опишан како бездна (Лука 8:31; Откровение 9:1), како езеро со оган и сулфур, каде тие што ќе бидат фрлени во него ќе се мачат ден и ноќ, цела вечност (Откровение 20:10). Во пеколот ќе има плач и чкртање со заби, што е знак на голема тага и гнев (Матеј 13:42). Тоа е место каде „нивниот црв не умира, и огнот не иизгорува.“ (Марко 9:48). Бог не се радува на смртта на безбожникот но сака тој да се обрати и да живее (Езекиел 33:11). Но Тој нема да не принуди да Му се потчинуваме. Ако избереме пат без Него и Го отфрлиме, на него не му останува ништо друго освен да ни го даде тоа, што сами сме го избрале – да живееме одделени од Него.
Животот на земјата е еден испит – подготовка за тоа, што претстои. За тие, кои веруваат тоа е вечен живот во постојаното присуство на Бога. Тогаш како да станеме праведни и како можеме да добиеме вечен живот? Има само еден пат – преку вера во Божјиот Син – Исус Христос. Исус кажува: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре –ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене нема да умре до века “ (Јован 11:25-26)
Дарот – вечен живот е достапен на сите, само ние треба да се откажеме од некои светски задоволства и да Му се предадеме на Бог. „Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него.“ (Јован 3:36) Ние нема да имаме можност да се покаеме за нашите гревови откако ќе умреме, зашто откако ќе се сретнеме со Бог лице во лице, ние нема да имаме друг избор освен да веруваме во Него. Тој сака да веруваме во Него и да го љубиме сега! Ако прифатиме, дека преку смртта на Исус Христос се плаќа цената, што треба да се плати за нашиот живот во бунт против Бога, Тој ни гарантира не само живот што има смисла, тука на земјата, но и во вечноста заедо со Христос.
Ако сакаш да Го прифатиш Исус Христос за твој Спасетел тука ти предложуваме еден пример за молитва. Не заборавај дека самото изговарање на оваа, или било која друга молитва, нема да те спаси! Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за спасението, што ти го дава. „Боже знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него, да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“
English
Дали има живот после смртта?