Прашање
Што Библијата вели за бракот?
Одговор
Во Библијата е запишано создавањето на бракот во Битие 2:23-34: “А човекот рече: „Еве сега коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!” Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.“ Бог го создаде човекот, а потоа ја створи и жената да го надополни. Во Библијата бракот е Божјото “исправување“ за фактот дека “не е добро за човекот да биде сам“ (Битие 2:18).
Како што Библијата го опишува првиот брак, таа го користи зборот “помошник“ за да ја идентификува Ева (Битие 2:20). Да се “помогне“ во овој контекст значи “да опкружува, да заштити или да помогне.“ Бог ја создаде Ева покрај Адам како негова “друга половина“ да му биде негова потпора и негов помошник. Библијата вели дека бракот предизвикува мажот и жената да станат “едно тело“. Ова единство најмногу се манифестира во физичката заедница на сексуалната интимност. Новиот Завет додава предупредување во врска со ова единство: “Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува” (Матеј 19:6).
Неколку од Павловите посланија се однесуваат на бракот и како верниците треба да работат во рамките на брачната врска. Еден таков пасус е Ефесјаните 5:22-33. Проучувањето на овој пасус дава некои клучни вистини во врска со она што Библијата вели дека бракот треба да биде.
Библијата, во Ефесјаните 5, вели дека еден успешен библиски брак ги вклучува двајцата мажот и жената исполнувајќи одредени улоги: “Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото“ (Ефесјаните 5:22-23). “Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа“ (Ефесјаните 5:25). “ И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Зашто никој никогаш не го намразил телото свое, туку го храни и го стоплува, како и Господ Црквата“ (Ефесјаните 5:28-29). “Поради тоа човекот ќе го остави татка си и мајката своја, и ќе се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат една плот“ (Ефесјаните 5:31).
Кога верен сопруг и сопруга ги воспоставуваат Божјите начела за бракот во Библијата, резултатот ќе биде биде солиден и здрав брак. Библиски базиран брак го има Христос како глава на мажот и жената заедно. Библискиот концепт за бракот вклучува единство меѓу сопругот и сопругата што го слика Единството на Христос со Својата црква.
English
Што Библијата вели за бракот?