settings icon
share icon
Прашање

Истрајност на бракот – што е клучот?

Одговор


Што може брачната двојка да стори за да се осигура дека нивниот брак ќе трае? Првото и најважно прашање е послушноста кон Бог и Неговиот Збор. Ова е принцип кој штo треба да е во дејство пред бракот да започне. Бог вели, “Тргнуваат ли двајца заедно, ако не се договорат меѓу себе?“ (Амос 3:3). За ново-родениот верник, тоа значи да не се започнува блиска врска со некој кој не е верник. “Не впрегнувајте се заедно со неверниците; зашто, какво општење постои меѓу правдата и беззаконието? Што воопшто има меѓу светлината и темнината?” (2 Коринтјаните 6:14). Ако овој принцип се следи, би заштедил многу болка и страдање подоцна во бракот.

Друг принцип кој ќе ја заштити долговечноста на бракот е тоа дека мажот треба да Му се покорува на Бог, и да ја сака, почитува, и заштитува неговата жена како неговото сопствено тело (Ефесјаните 5:25-31). Истиот принцип е дека и жената треба да Му биде послушна на Бог, и да му се покорува на својот маж “како на Господ“ (Ефесјаните 5:22). Бракот помеѓу мажот и жената е слика на односот помеѓу Христос и црквата. Христос се даде Себеси за црквата, и Тој ја сака, почитува, и ја заштитува како Негова невеста (Откровение 19:7-9).

За создавањето на основата на побожен брак, многу двојки наоѓаат практични начини да им помогнат на своите бракови да продолжат: проведување квалитетно време заедно; велејќи, “Те сакам“ често; да се биде љубезен; да се покажува нежност; давање комплименти; одење на состаноци; пишување белешки; давање подароци; и да се биде спремен да се опрости, на пример. Сите овие постапки се опкружени со библиските инструции на мажите и жените.

Кога Бог му ја донесе Ева на Адам во првиот брак, таа беше створена од неговото “тело и плот“ (Битие 2:23-24). Станување едно тело значи повеќе од само физичко единство. Оваа врска оди многу подалеку од сензуалната и емоционалната привлечност и во сферата на духовното “единство“ која може да се пронајде единствено ако и двајцата партнери се предадат на Бог и на самите себе. Оваа врска не е основана на “мене и мојот“ туку на “нас и нашиот.“ Ова е една од тајните за траен брак.

Истрајноста на бракот за цел живот е нешто што и на двајцата партнери треба да им биде приоритет. Двојките чии бракови траат, ја слават посветеноста еден кон друг. Многу двојки тежнеат кон тоа да не споменуваат развод, дури и во гнев. Зацврстувањето на вертикалната врска со Бог оди долг пат кон обезбедувањето на хоризонталната врска помеѓу мажот и жената, која е трајна и за слава на Бог.

Двојката која сака нивниот брак да потрае, мора да научи како да се справува со проблемите. Молитвата, библиското проучување, и взаемното охрабрување се добри. И нема ништо погрешно во барањето помош надвор од бракот; наместо тоа, една од целите на црквата е “да се поттикнуваме кон љубов, и добри дела “(Евреите 10:24). Двојката која што се бори, треба да побара совет од постар Христијански пар, пастор, или библиски брачен советник.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Истрајност на бракот – што е клучот?
© Copyright Got Questions Ministries