Прашање
Што е Илјадагодишното Царство, и дали треба да се разбере буквално?
Одговор
Илјадагодишното царство е е насловот даден за 1000 – годишното владеење на Исус Христос на Земјата. Некои се обидуваат да ги протолкуваат тие илјада години на алегоричен начин. Некои ги разбираат тие 1000 години само како симболичен начин на кажување “долг период на време,“ а не буквално, физичко владеење на Исус Христос на земјата. Сепак, шест пати во Откровение 20:2-7, за илјадагодишното царство специјално се кажува дека ќе биде 1000 години во траење. Ако Бог сакаше да комуницира со “долг период на време,“ Тој лесно ќе го направеше тоа без експлицитно и постојано да ја споменува точната временска рамка.
Библијата ни кажува дека кога Христос ќе се врати на Земјата, Тој ќе се постави како Цар во Ерусалим, седејќи на тронот на Давид (Лука 1:32-33). Безусловните завети бараат буквално, физичко враќање на Христос да Го воспостави царството. Аврамскиот завет ветуваше земја за Израел, потомство и владетел, и духовен благослов (Битие 12:1-3). Палестинскиот завет ветуваше за Израел обнова и окупација за земјата (Второзаконие 30:1-10). Давидовиот завет му ветуваше опростување на Израел – средства со кои народот би можел да биде благословен (Еремија 31:31-34).
На второто доаѓање, овие завети ќе бидат исполнети откако Израел ќе биде повторно собран од народите (Матеј 24:31), обратен (Захарија 12:10-14), и обновен во земјата која ќе биде под власт на Месијата, Исус Христос. Библијата зборува за околностите во текот на милениумот како совршена средина, физичка и духовна. Тоа ќе биде време на мир (Михеј 4:2-4; Исаија 32:17-18), радост (Исаија 61:7, 10), утеха (Исаија 40:1-2), и без сиромаштија и болести (Амос 9:13-15; Јоил 2:28-29). Библијата исто така ни кажува дека само верниците ќе влезат во илјадагодишното царство. Поради ова, тоа ќе биде време на целосна праведност (Матеј 25:37; Псалм 24:3-4), светост (Исаија 35:8), вистина (Исаија 65:16), и полнота на Светиот Дух (Јоил 2:28-29). Христос ќе владее како цар (Исаија 9:3-7; 11:1-10), со Давид како намесник (Еремија 33:15-21; Амос 9:11). Благородниците и гувернерите исто така ќе владеат (Исаија 32:1; Матеј 19:28), и Ерусалим ќе биде политички центар на светот (Захараија 8:3).
Откровение 20:2-7 го дава прецизниот временски период на илјадагодишното царство. Дури и без овие стихови, има безброј други кои посочуваат на буквално владеење на Месијата на Земјата. Исполнувањето на многу од Божјите завети и ветувања тоа се потпира на буквално, физичко, идно царство. Не постои солидна основа да се негира буквалното толкување на илјадагодишното царство и неговото времетраење од 1000 години.
English
Што е Илјадагодишното Царство, и дали треба да се разбере буквално?