settings icon
share icon
Прашање

Дали даровите на Светиот Дух се за денес?

Одговор


Прво, важно е да се препознае дека ова не е прашање за тоа дали Бог и денес врши чуда. Би било безумно и небиблиски да се тврди дека Бог денес не лекува луѓе, не зборува на луѓе, и врши чудесни знаци и чуда денес. Прашањето е дали даровите на Светиот Дух, опишани во 1 Коринтјаните 12 и 14 глава, се сеуште активни во црквата денес. Ова исто така не е прашање дали Светиот Дух Му дава на некој чудесен дар. Прашањето е дали Светиот Дух ги дели даровите и денес. Пред се друго, ние целосно прифаќаме дека Светиот Дух е слободен во тоа да ги дава даровите во согласност со Неговата волја (1 Коринтјаните 12:7-11).

Во книгите Дела на Апостолите и Посланијата, огромното мнозинство на чудата се вршат од страна на апостолите и нивните блиски соработници. Павле ни ја дава причината зошто е тоа така: “Зашто белези апостолски се извршија меѓу вас во секое трпење, во знаци, чудеса, и сили“ (2 Коринтјаните 2:12). Ако секој верник во Христос беше опремен со способноста да извршува чудеса и чуда, тогаш знаците и чудата веќе нема да можат да бидат знаци на препознавање на апостолите. Дела 2:22 ни кажува дека Исус бил “ополномоштен“ за “чуда“ “чудеса“ и “знаци.“ Слично на тоа, апостолите беа “означени“ како вистински амбасадори од Бога преку чудата кои тие извршуваа. Дела 14:3 ја опишува пораката на Евангелието “потврдена“ од чудата кои Павле и Варнава ги извршуваа.

Поглавјта 12 – 14 од 1 Коринтјаните се занимава примарно со предметот на даровите на Духот. Од текстот изгледа дека на “обичните“ Христијани понекогаш им биле давани даровите (12:8-10, 28:30). Не ни се кажува колку вообичаено било ова. Од она погоре што го научивме, дека апостолите биле “забележани“ преку знаците и чудата, се чини дека кога даровите биле давани на “обичните“ Христијани тоа било исклучок, а не правило. Покрај апостолите и нивните блиски соработници, Новиот Завет никаде конкретно не опишува поединци како ги доживуваат даровите на Светиот Дух.

Важно е исто така да се разбере дека раната црква ја немаше целосната Библија, како што ние ја имаме денес (2 Тимотеј 3:16-17). Затоа, даровите на пророштво, знаење, мудрост, и други биле неопходни за раните Христијани да знаат што Бог сака да направат. Дарот на пророкување овозможувал на верниците да соопштат нова вистина и откровение од Бог. Сега, кога Божјото откровение е целосно во Библијата, даровите на “откровение“ повеќе не се потребни, барем не во иста мера како што беа во Новиот Завет.

Бог на чудесен начин исцелува луѓе секој ден. Бог сеуште ни зборува на нас денес, дали со звучен глас, или во нашите умови, или преку впечатоците и чувствата. Бог сеуште прави неверојатни чуда, знаци, и чудеса и понекогаш овие овие работи ги прави преку некој Христијанин. Сепак, ова не значи дека овие работи се даровите на Светиот Дух. Примарната цел на даровите беше да докажат дека Евангелието е вистина и дека апостолите навистина беа Божји амбасадори. Библија не вели дека даровите целосно исчезнале, но ни ја кажува основата зошто тие не би можеле да се случат во иста мера како што е запишано во Новиот Завет.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали даровите на Светиот Дух се за денес?
© Copyright Got Questions Ministries