Прашање
Што се случува со тие кои што никогаш немале шанса да слушнат за Исус?
Одговор
Сите луѓе се одговорни пред Бог без разлика дали тие слушнале или не за Него. Библијата јасно ни кажува дека Бог јасно ни се откри во природата (Римјани 1:21) и во срцата на луѓето (Проповедник 3:11). Проблемот е во тоа што човечката раса е грешна; сите го отфрлаат ова знаење за Бог и бунтуваат против Него (Римјани 1:21-23). Ако не беше Божјата благодат, ќе бевме предадени на грешните желби на нашите срца, дозволувајќи ни да откриеме колку бескорисен и мизерен е животот без Него. Тој го прави тоа за оние кои постојано го отфрлаат (Римјани 1:24-32).
Во реалноста, не е дека некои луѓе не слушнале за Бог. Наместо тоа, проблемот е дека тие го отфрлиа тоа што го слушнаа и она што јасно се гледа во природата. Второзаконие 4:29 вели: “Но таму кога ќе Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете, ако Го побарате од се’ срце и од целата душа во вашата жалост.“ Овој стих не учи на важен принцип – секој кој навистина го бара Бог ќе Го најде. Ако човек навистина сака да Го познае Бог, Бог ќе му се открие.
Проблемот е дека, “нема ниеден разумен, нема кој да Го бара Бога“ (Римјани 3:11). Луѓето го отфрлаат знаењето за Бог кое е присутно во природата и во нивните срца, и наместо тоа одлучуваат да се поклонуваат на “бог“ според нивната креација. Безумно е да се дебатира за правичноста на Бог кога испраќа некој во пеколот кој никогаш немал шанса да го слушне Евангелието за Христос. Луѓето се одговорни за она што Бог веќе го има откриено. Библијата вели дека луѓето го отфрлуваат ова знаење, и затоа Бог е праведен кога ги осудува за во пеколот.
Наместо да дебатираме за судбината на оние кои никогаш не слушнале, ние, како Христијани, треба да го дадеме најдоброто од себе за тие да слушнат. Повикани сме да го шириме Евангелието низ сите нации (Матеј 28:19-20; Дела 1:8). Знаеме дека луѓето го отфрлаат знаењето за Бог откриено во природата, и тоа треба да не мотивира да ги проповедаме добрите вести на спасението преку Исус Христос. Само со прифакање на Божјата благодат преку Господ Исус Христос луѓето можат да бидат спасени од нивните гревови и избавени од вечноста помината без Бог.
Ако претпоставиме дека оние кои никогаш не го слушнале Евангелието им се дава милост од Бог, ќе западнеме во ужасен проблем. Ако луѓето кои никогаш не го слушнале Евангелието бидат спасени, логично е дека ние треба да направиме никој да не го слушне Евангелието. Најлошото нешто кое може да се направи е да се посведочи Евангелието со некоја личност и таа или тој да го отфрли. Ако тоа се случи, таа или тој ќе бидат осудени. Луѓето кои не го слушаат Евангелието мора да бидат осудени, или нема воопшто да има мотивација за евангелизирање. Зошто да се ризикува од луѓе кои би го отфрлиле Евангелието и би се осудиле самите себе кога тие веќе претходно биле спасени иако никогаш не го слушнале Евангелието?
English
Што се случува со тие кои што никогаш немале шанса да слушнат за Исус?