settings icon
share icon
Прашање

Кое е потеклото на различните раси?

Одговор


Библијата не ни го дава јасно потеклото на различните “раси“ или бои на кожата во човештвото. Во реалноста, постои само една раса – човечката раса. Во рамките на човечкиот род е разновидноста на бојата на кожата и некои други физички карактеристики. Некои шпекулираат дека кога Бог ги помеша јазиците кај Вавилонската кула (Битие 11:1-9), Тој исто создаде расна разновидност. Можно е дека Бог направил генетички промени кај човештвото да им овозможи на луѓето подобро да преживуваат во различни еколошки услови, како што темната кожа на Африканците е подобро генетски опремена да ги преживее прекумерните жештини во Африка. Според ова гледиште, Бог ги помеша јазиците, предизвикувајќи човештвото да се одвои лингвистички, и потоа да создаде генетички расни разлики врз основа на секоја расна група географски да се смират. Иако е можно, не постои јасна библиска основа за ова гледиште. Расите/боите на кожите на човештвото никаде не се споменети во врска со Вавилонската кула.

После потопот, кога различните јазици дојдоа во постоење, групите кои зборуваа еден јазик се иселија со другите кои го зборуваа истиот јазик. Притоа, генетските ресурси за одредена група се стеснија драматично додека групата ја немаше целосната човечката популација да се меша. Поблиску вкрстување на генетски блиски единки заземало место, и со време одредени функции беа истакнати во овие различни групи (од кои сите беа присутни како можност во генетскиот код). Како што понатамошното вкрстување на генетски блиски единки се случувало во текот на генерациите, генетскиот пол растеше се помал и помал, до тој степен што луѓето од една фамилија која зборува ист јазик сите ги имаа истите или слични карактеристики.

Друго објаснување е дека Адам и Ева поседувале гени кои создаваат црно, кафеаво, и бело потомство (и се друго во меѓувреме). Ова би било слично на тоа како двојка од различна раса понекогаш има деца кои се разликуваат во боја. Бидејќи Бог очигледно сакаше човештвото да биде различно по изглед, има смисла дека Бог им ја дал на Адам и Ева можноста да раѓаат деца со различна боја на кожата. Подоцна, единствените преживеани од потопот беа Ное и неговата жена, трите сина на Ное и нивните жени – осум луѓе се вкупно (Битие 7:13). Можеби снаите на Ное беа различни раси. Исто така можно е жената на Ное да била од различна раса од Ное. Можеби сите осум од нив беа од различни раси, што би значело дека тие ги поседувале гените да раѓаат деца од различни раси. Без оглед на објаснувањето, најважниот аспект на прашањето е дека ние сите сме од една иста раса, сите сме создадени од истиот Бог, сите сме создадени за иста цел – да Го прославиме Него.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кое е потеклото на различните раси?
© Copyright Got Questions Ministries