Прашање
Што значи тоа да Го прифатиш Исус Христос како личен Спасител?
Одговор
Дали некогаш си го прифаќал/ла Исус Христос како личен Спасител? Пред да одговориш, те молам, дозволи ми да го доизјаснам ова прашање. За да разбереш треба да имаш јасна представа за зборовите „Исус Христос“, „личен“ и „Спасител“.
Кој е Исус Христос? Многу луѓе мислат дека Исус Христос е еден добар човек, голем учител, дури и Божји пророк. Сите тие работи се однесуваат со сигурност за Исус, но тоа не одговара на прашањето: Кој е тој. Библијата ни кажува, дека Исус Христос е Бог во тело, Бог постана човек (види Јован 1:1, 14). Бог дојде на земјата за да нè учи, да нè лекува, да нè поправа, да ни прости – и умре за нас! Исус Христос е Бог, Творецот, суверениот Господ. Дали си го прифатил/а овој Исус?
Што значи „Спасител“ и зошто имаме потреба од Него? Библијата ни кажува дека сите ние сме згрешиле, сите ние сме вршеле нечесни работи (Римјани 3:10-18). Заради гревот ние треба да го претрпиме Божјиот гнев и осудување. Единствената справедна казна, што ја заслужуваме, затоа што сме извршиле гревови пред еден Бескраен и Вечен Бог, е бескрајна казна (Римјани 6:23; Откровение 20:11-15). И точно поради тоа ние имаме потреба од Спасител!
Исус Христос дојде на земјата и умре наместо нас. Смртта на Исус, Кој што е Бог во тело, ја плати бескрајната цена за гревовите што ги имаме извршено (II Коринтјани 5:21). Исус ја претрпе казната за нашите гревови (Римјани 5:8). Исус ја плати цената, за ние да не ја плаќаме. Неговото воскресение од мртвите докажа дека Неговата смрт е доволна за да ја плати казната за нашите гревови. Ете затоа Исус е единствениот Спасител (Јован 14:6; Дела 4:12)! Дали веруваш дека Исус е твој Спасител?
Дали Исус е и твој Спасител? Многу луѓе тврдат дека христијанството е само одење в црква, испонување на дадени ритуали, неправење на определени гревови. Но христијанството не е тоа. Вистинското христијанство е да имаш лични односи со Исус Христос. Да го прифатиш Исус како свој/личен Спасител, значи да ја насочиш кон него целата твоја вера и да имаш доверба во Него. Никој не може да се спаси со верата на некој друг! Никој нема да добие опростување на гревовите, само затоа што врши определени дела. Едиснствениот начин да се спасиш, е да го прифатиш Исус за Спасител, да поверуваш дека со Неговата смрт, Тој плати за твоите гревиови, и дека Неговото воскресение ти гарантира вечен живот (Јован 3:16). Дали Исус е твој Спасител?
Ако сакаш да Го прифатиш Исус Христос да биде твој личен Спасител, кажи Му ги на Бога следните зборови. Запомни дека тоа што ќе го изречеш во оваа или некоја друга молитва нема да те спаси од твоите гревови. Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! Оваа молитва е едноставо еден начин да ја изразиш пред Бога твојата вера во Него и да Му заблагодариш за спасението, што Тој ти го подарува. „Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега, свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Јас го прифаќам Исус за мој Спасител! Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“
English
Што значи тоа да Го прифатиш Исус Христос како личен Спасител?