settings icon
share icon
Прашање

Каков е планот за спасение?

Одговор


Дали си гладен/ гладна? Немам во предвид физички глад, а дали си гледен/ гладна да добиеш нешто повеќе во својот живот? Дали имаш нешто длабоко во себе, поради кое чувствуваш постојана празнина? Ако е така, знај дека Исус е патот! Исус кажува: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.“ (Јован 6:35).

Дали си збунет? Дали ти се чини, дека никогаш во животот нема да го најдеш правилниот пат и цел? Дали ти се чини дека некој ја угаснал лампата и ти неможеш да го најдеј прекинувачот за да ја вклучиш одново? Ако е така – Исус е патот! Исус кажува: „Јас сум светлината на светот; кој ме следи наме да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на Животот“ (Јован 8:12).

Дали си се почувствувал некогаш, дека си се заклучил некаде и животот поминува покрај тебе? Дали си се обидувал да излезеш преку различни врати, за да откриеш дека зад нив има само празнина и никаква смисла? Дали ја бараш вратата што ќе те одведе во еден исполнет со смисла живот? Ако е така – Исус е патот! Исус кажува: „Јас сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште.“ (Јован 10:9).

Дали си се чувствувал, дека сите луѓе секогаш те изоставуваат? Дали сметаш дека односите со другите ти се без многу смисла? Дали ти се чини дека сите сакаат само да те искористат? Ако твојот одговор е „да“, тогаш Исус е патот! Исус кажува за Себе: „Јас Сум Добриот Пастир. Добриот Пастир го дава својот живот за овците .... Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене.“ (Јован 10:11,14).

Си се чудел ли некогаш што се случува после смртта? Дали ти се здосадило да живееш за работи што гнијат или `рѓосуваат? Си се чудел ли некогаш: Дали жиувотот воопшти има смисла? Сакаш ли да живееш и откако ќе умреш? Ако твојот одговор е „да“, тогаш Исус е патот Исус тврди: „Јас сум Воскресението и Животот; кој верува во мене – и да умре – ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека.“(Јован 11:25-26).

Кој е патот? Која е вистината? Што представува животот? Исус одговара: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ (Јован 14:6)

Гладот, што го чувствуваш е духовен глад и може да биде заситена само со Исус. Исус е единствениот, што може да ја распрсне темницата. Исус е вратата кон среќниот живот. Исус е пастирот и пријателот, што си го барал. Исус е живото и во овој свет и во другиот. Исус е патот на спасението!

Причината, поради која се чувствуваш гладен и изгубен во темницата, поради која неможеш да најдеш смисла во твојот живот, е дека си одделен од Бог. Библијата ни кажува, дека сите ние згрешивме и така сме одделени од Бога (Проповедник 7:20; Римјани 3:23). Празнината, што ја чувствуваш во твоето срце се појавила, затоа што Бог го нема во твојот живот. Ти си создаден, за да имаш односи со Бога. Поради нашите гревови ние немаме никакви лични односи со Него. Работите стојат уште полошо! Гревот ќе не раздели од Бога за цела вечност – во овој и во другиот живот после смртта. (Римјани 6:23; Јован 3:36).

Кое е решениоето за овој проблем? Исус е патот! Исус ги зеде на Себе нашите гревови (II Коринтјани 5:21). Исус умре наместо нас (Римјани 5:8), ја зеде на Себе казната, што ние ја заслуживме. Три дена потоа Исус воскресна од мртвите и така докажа дека ги победи гревот и смртта (Римјани 6:4-5). Зошто Исус отиде на крстот наместо нас? Самиот Тој одговара на тоа прашање: „Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.“ (Јован 15:13). Исус умре за ние да живееме. Ако ја поставиме нашата вера во Исус, ако Му веруваме, дека со Својата смрт Тој плати за нашите гревови, тогаш сите наши гревови ќе ни бидат простени и измиени. Тогаш нашиот духовен глад ќе биде заситен. Тогаш светлината ќе навлезе во нашиот живот. Тогаш ќе бидеме задоволни од нашиот живот. Ќе го запознаеме нашиот најдобар пријател и добар пастир. Ќе знаеме дека ќе имаме живот и после смртта – ќе воскреснеме и ќе живееме во рајот заедно со Исус цела вечност!

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16)

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“

English



вратете се назад на основната македонска страница

Каков е планот за спасение?
© Copyright Got Questions Ministries