Прашање
Што Библијата вели за порнографијата? Дали порнографијата е грев?
Одговор
Во голема мера, најпребаруваните термини на интернетот се поврзани со порнографијата. Порнографијата е неконтролираното во светот денес. Можеби повеќе од било што друго, Сатаната успеа во изопачувањето и искривувањето на сексот. Тој го зеде она што е добро и право (љубовен секс помеѓу маж и жена) и го замени со страст, порнографија, прељуба, силување, и хомосексуалност. Порнографијата може да биде првиот чекор на многу лизгава патека на постојано зголемување на злобата и неморалот (Римјаните 6:19). Зависната природа на порнографијата е добро документирана. Исто како што корисник на дрога мора да консумира поголемо и помоќно количество на дрога за да се постигне истиот ефект, порнографијата ја влече личноста подлабоко и подлабоко во хард-кор сексуални зависности и зли желби.
Трите главни категории на гревот се: похотта на телото, похотта на очите, и гордоста на животот (1 Јован 2:16). Порнографијата дефинитивно ни предизвикува да копнееме по телото, и тоа несомнено е похотта на очите. Порнографијата дефинитивно не се квалификува како една од работите за кои треба да размислуваме, според Филипјаните 4:8. Порнографијата е зависна (1 Коринтјаните 6:12; 2 Петар 2:19), и деструктивна (Изреки 6:25-28; Езекиел 20:30; Ефесјаните 4:19). Копнежот по други луѓе во нашите умови, кој што е суштината на порнографијата, е навредлив за Бог (Матеј 5:28). Кога вообичаената посветеност на порнографијата го карактеризира животот на едно лице, тоа покажува дека лицето не е спасено (1 Коринтјаните 6:9).
За тие кои се вмешани во порнографијата, Бог може и ќе ја даде победата. Дали си вмешан со порнографија и копнееш слобода од тоа? Еве неколку чекори за победа: 1) Исповедај го твојот грев пред Бог (1 Јован 1:9). 2) Побарај од Бог да те очисти, обнови, и да го трансформира твојот ум (Римјаните 12:2). 3) Побарај од Бог да го исполни твојот ум со Филипјаните 4.8. 4) Научи да го поседуваш твоето тело во светост (1 Солунјаните 4:3-4). 5) Разбери го соодветното значење на сексот, и потпирајте се само на вашиот брачен другар како исполнување на таа потреба (1 Коринтјаните 7:1-5). 6) Сфати дека ако одиш по Духот, нема да ги исполнуваш страстите на телото (Галатјаните 5:16). 7) Преземи практични чекори да ја намалиш твојата изложеност на графички слики. Инсталирајте порнографски блокатори на вашиот компјутер, ограничете ја употребата на телевизијата и користењето на видео, и пронајдете некој друг Христијанин кој ќе се моли за вас и кој ќе ви помогне да задржите одговорност.
English
Што Библијата вели за порнографијата? Дали порнографијата е грев?