Како моите молитви може да бидат одговорени од Бог?



Прашање: Како моите молитви може да бидат одговорени од Бог?

Одговор:
Многу луѓе на одговорената молитва гледаат како на Божја согласност со молитвеното барање кое го дале пред Него. Ако молитвеното барање не е одговорено, тоа е разберено како “неодговорена молитва.“ Сепак, ова е погрешно разбирање на молитвата. Бог ја одговара секоја молитва која е издигната пред Него. Некогаш Божјиот одговор е “не“ или “чекај.“ Бог единствено ветува дека ќе ги исполни нашите молитви кога бараме според Неговата волја. “И тоа е слободата, која ја имате пред Него, дека ако просиме нешто по Неговата волја, Тој нè послушува. А кога знаеме дека нè услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него“ (1 Јован 5:14-15).

Што тоа значи да се молиме во согласност со Божјата волја? Молењето во согласност со Божјата волја е е молење за нештата кои Му даваат чест и Го прославуваат Бог и/или молење за она што Библијата јасно открива која е Божјата волја. Ако се молиме за нешто кое не е за чест на Бог или не Божјата волја за нашите животи, Бог нема да ни го даде тоа што го бараме. Како можеме да знаеме која е Божјата волја? Бог ветува дека ќе ни даде мудрост кога ќе го побараме тоа. Јаков 1:5 објавува, “Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор – и ќе му се даде.“ Добро место да се почне е 1 Солунјаните 5:12-24, во која се истакнуваат многу нешта за тоа која е Божјата волја за нас. Колку подобро го разбираме Божјиот Збор, толку повеќе ќе знаеме за што да се молиме (Јован 15:7). Колку повеќе ќе знаеме за што да се молиме, толку повеќе Бог ќе одговара со “да“ на нашите барања.


вратете се назад на основната македонска страница

Како моите молитви може да бидат одговорени од Бог?