Дали е прифатливо постојано да се молиме за истата работа, или треба да бараме само еднаш?



Прашање: Дали е прифатливо постојано да се молиме за истата работа, или треба да бараме само еднаш?

Одговор:
Во Лука 18:1-7, Исус користи парабола да ја илустрира важноста на истрајноста во молитвата. Тој ја кажува приказната за вдовицата која дошла до неправеден судија барајќи правда против нејзиниот непријател. Поради нејзината истрајност во молитвата, судијата попушти. Поентата на Исус е дека ако неправедниот судија го исполнил барањето на некој кој истрајал во барањето за правдата, колку повеќе Бог кој не љуби нас – “Неговите избраници“ (стих 7) – ќе одговори на нашите молитви кога продолжуваме да се молиме? Параболата не учи, како што е погрешно разберено, дека ако се молиме за нешто одново и одново, Бог е обврзан да ни го даде. Наместо тоа, Бог ветува дека ќе ги одмазди своите, дека ќе ги одбрани, ќе ги исправи нивните неправди, ќе им даде правда, Неговата светост, и Неговата омраза кон гревот; во одговарање на молитвата, Тој ги одржува Своите ветувања и ја покажува Неговата сила.

Исус ни дава уште една илустрација за молитвата во Лука 11:5-12. Слично на параболата за неправедниот судија, пораката на Исус во овој пасус е дека ако човек се обеспокојува самиот себе за пријател во потреба, Бог ќе обезбеди за нашите потреби многу повеќе, бидејќи ниедно барање не е тешко за Него. Тука, повторно, ветувањето не е дека ќе добиеме се што ќе побараме ако само продолжуваме да бараме. Божјото ветување за Неговите деца е да ги исполни нашите потреби, а не нашите желби. И Тој ги знае нашите потреби подобро од нас самите. Истото ветување се повторува и во Матеј 7:7-11 и во Лука 11:13, каде што “добриот дар“ е дополнително објаснет дека е Светиот Дух.

Двата текста не охрабруваат да се молиме и да продолжиме да се молиме. Нема ништо погрешно во тоа постојано да се молиме за истата работа. Се додека се молиме во согласност со Божјата волја (1 Јован 5:14-15), треба да продолжиме да бараме се додека Бог не го исполни барањето или го отстрани од нашето срце. Понекогаш Бог не присилува да го чекаме одговорот на нашите молитви со цел да не научи на трпение и истрајност. Понекогаш бараме нешто кога одобрувањето на тоа не е се уште во Божјото време за нашите животи. Понекогаш бараме нешто што не е Божјата волја за нас, и Тој вели “не.“ Молитвата не е само прикажување на нашите барања кон Бог; тоа е кога Бог ја прикажува Неговата волја во нашите срца. Продолжете да барате, продолжете да чукате, и продолжете да барате се додека Бог не го одобри вашето барање или ве убеди дека вашето барање не е Негова волја за вас.


вратете се назад на основната македонска страница

Дали е прифатливо постојано да се молиме за истата работа, или треба да бараме само еднаш?