settings icon
share icon
Прашање

Што е предодреденост? Дали е предодреденоста библиска?

Одговор


Римјаните 8:29-30 ни кажува, “Оти оние, кои ги позна порано, нив и ги определи да бидат слични по образот на Неговиот Син, та Тој да биде првороден меѓу многуте еднородни браќа. А оние што ги предопредели, нив и ги повика; и кои ги повика, нив и ги оправда; кои ги оправда, нив и ги прослави“. Ефесјаните 1:5 и 11 објавуваат, “Како што нѐ и определи однапред за да не посини преку Исуса Христа, по благоволението на Својата волја... Во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме определени однапред со одлуката на Оној, Кој прави се по советот на Својата волја“. Многу луѓе имаат силно непријателство кон доктрината за предодреденоста. Сепак, предодреденоста е библиска доктрина. Клучот е да се сфати што предодреденоста библиски значи.

Зборовите преведени “предодреденост“ во Библијата кои се споменети горе доаѓаат од грчкиот збор proorizo, кој значи “однапред определено“, “ординиран“, “да се одлучи однапред“. Значи, предодреденоста е кога Бог определува одредени работи да се случат однапред. Што Бог определи пред време? Според Римјаните 8:29-30, Бог предопредели одредени поединци да се преобразат според ликот на Неговиот Син, да бидат повикани, оправдани и прославени. Во суштина, Бог предопредели тие одредени поединци да бидат спасени. Бројни текстови упатуваат на тоа дека верниците во Христос се се избрани (Матеј 24:22, 31; Марко 13:20, 27; Римјаните 8:33, 9:11, 11:5-7, 28; Ефесјаните 1:11; Колосјаните 3:12; 1 Солунјаните 1:4; 1 Тимотеј 5:21; 2 Тимотеј 2:10; Тит 1:1; 1 Петар 1:1-2, 2:9; 2 Петар 1:10). Предодреденоста е библиска доктрина дека Бог во Неговата сувереност избира одредени поединци да бидат спасени.

Најчестиот приговор кон доктрината за предодреденоста е дека не е фер. Зошто Бог би избрал одредени лица, а други не? Важно е да се запамети дека никој не заслужува да биден спасен. Сите згрешивме (Римјани 3:23), и сите заслужуваме вечна казна (Римјани 6:23). Како резултат на тоа, Бог би бил совршено праведен ако не испрати сите нас да ја поминеме вечноста во пеколот. Сепак, Бог одлучил да спаси некои од нас. Тој не е неправеден кон тие кои не се избрани, бидејќи тие го добиваат тоа што го заслужуваат. Божјиот избор да биде милостив кон некои не е не фер кон другите. Никој не заслужува ништо од Бог; затоа, никој не може да се спротивстави ако не добие нешто од Бог. Една илустрација би можела да биде, ако некој човек поделува пари на пет лица од група од дваесет луѓе. Дали петнаесетте луѓе кои не примија пари би биле вознемирени? Веројатно. Дали имаат право да бидат вознемирени? Не, немаат. Зошто? Бидејќи човекот не должеше пари никому. Тој едноставно одлучи да биде милостив кон некои.

Ако Бог избира кој ќе биде спасен, дали тоа ја нарушува нашата слободна волја да избереме да веруваме во Христос? Библијата вели дека имаме избор – сите кои веруваат во Исус Христос ќе бидат спасени (Јован 3:16; Римјаните 10:9-10). Библијата никогаш не Го опишува Бог како отфрла некој кој верува во Него или како се одвраќа од некој кој Го бара (Второзаконие 4:29). Некако, во Божјата мистерија, предодреденоста работи рака под рака со личноста која е приближена од Бог (Јован 6:44) и верува за спасение (Римјаните 1:16). Бог однапред одредува кој ќе биде спасен, а ние мораме да Го избереме Христос со цел да бидеме спасени. Двата факти се подеднакво вистинити. Римјаните 11:33 објавува, “О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога! Колку се неиспитливи Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта!“

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е предодреденост? Дали е предодреденоста библиска?
© Copyright Got Questions Ministries