Прашање
Која е целта на црквата?
Одговор
Дела 2:42 може да се смета како изјава која е целта на црквата: “И беа постојани во учењето апостолско, во општувањето, во кршењето леб и во молитвите.“ Според овој стих, целите/активностите на црквата треба да бидат: 1) поучување библиски доктрини, 2) обезбедување на место за заедништво на верниците, 3) земање на Господовата вечера, 4) молитва.
Црквата треба да поучува библиски доктрини, така што ние ќе можеме да бидеме втемелени во нашата вера. Ефесјаните 4:14 ни кажува: “За да не бидеме веке деца, кои ги лулее и ги носи секој ветар на науката, што – со човечката измама и лукавство – доведува до итро измислени заблуди.“ Црквата треба да биде место на заедништво, каде што Христијаните ќе бидат посветени еден кон друг, и ќе се ценат еден со друг (Римјани 12:10), каде ќе се поучуваат еден со друг (Римјани 15:14), каде ќе бидат внимателни и чувствителни еден кој друг (Ефесјани 4:32), охрабрувајќи се еден со друг (1 Солунјаните 5:11), и најважно љубејќи се еден со друг (1 Јован 3:11).
Црквата треба да биде место каде верниците ќе земаат Господова вечера, сеќавајќи се на Христовата смрт и пролеаната крв за нас (1 Коринтјани 11:23-26). Концептот на “кршење леб“ (Дела 2:42) исто така ја споменува идеајата да се има заеднички оброци. Ова е уште еден пример на црквата, развивање на заедништво. Главната цел на црквата според Дела 2:42 е молитвата. Црквата треба да биде место каде се развива молитвата, поучува за молитвата, и ја практикува молитвата. Филипјаните 4:6-7 не охрабрува, “Не грижете се за ништо, туку во се преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога! И Божјиот мир, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.“
Друга наредба која е дадена на црквата е да го проповеда евангелието за спасение преку Исус Христос (Матеј 28:18-20; Дела 1:8). Црквата е повикана да биде верна во споделувањето на евангелието со збор и дело. Црквата треба да биде “светилник“ во општеството, насочувајќи ги луѓето кон нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Црквата треба да го промовира евангелието и да ги спрема нејзините членови да го проповедаат евангелието (1 Петар 3:15).
Некои главни цели на црквата се дадени во Јаков 1:27: “Ова е чиста и неизвалкана побожност пред Бога и Таткото: да бидат посетувани сираците и вдовиците во нивните неволји, и самиот да се пази непорочен од светот.“ Црквата треба да им служи на тие кои се во потреба. Ова не го вклучува само споделувањето на евангелието, туку и обезбедувањето на физичките потреби (храна, облека, засолниште) колку што е потребно и соодветно. Црквата треба да ги опремува верниците во Христос со алатите кои им се потребни да го надминат гревот и да бидат слободни од осквернувањето од светот. Ова ќе се направи со библиско поучување и Христијанско заедништво.
Па, што е целта на црквата? Павле дава одлична илустрација со верниците од Коринт. Црквата е Божјите раце, уста, и стапала во овој свет – телото Христово (1 Коринтјаните 12:12-27). Треба да ги правиме нештата кои Исус Христос би ги правел ако физички беше на земјата. Црквата треба да биде “Христијанска,“ “Христолика,“ и следбеник на Христос.
English
Која е целта на црквата?