Прашање
Што Библијата вели за расизамот, предрасудите, и дискриминацијата?
Одговор
Првото нешто кое треба да се разбере во оваа дискусија е дека постои само една раса – човечката раса. Белата раса, Африканците, Азијците, Индијанците, Арапите, Евреите не се различни раси. Напротив, тие се различни етнички групи на човечката раса. Сите човечки суштества ги имаат истите физички карактеристики (со мали варијации, се разбира). Уште поважно, сите човечки суштества во ликот и подобието на Бог (Битие 1:26:27). Бог толку Го возљуби светот што Го испрати Исус да Го положи Својот живот за нас (Јован 3:16). “Светот“ очигледно ги вклучува сите етнички групи.
Бог не покажува пристрасност или фаворизирање (Второзаконие 10:17; Дела 10:34; Римјаните 2:11; Ефесјаните 6:9), а не треба и ние. Јаков 2:4 ги опишува оние кои дискриминираат како “судии со зли мисли“. Наместо тоа, ние треба да ги љубиме нашите ближни како самите себеси (Јаков 2:8). Во Стариот Завет, Бог го подели човештвото на две “расни“ групи: Евреите и незнабожците. Божјата намера беше за Евреите да бидат царство на свештеници, кои ќе им служат на незнабожците. Наместо тоа, во најголем дел, Евреите станаа горди на нивниот статус и ги презреа незнабожците. Исус Христос стави крај на ова, уништувајќи го различниот ѕид на непријателството (Ефесјаните 2:14). Сите форми на расизам, и дискриминација се навреди кон работата на Христос на крстот.
Исус ни заповеда да се љубиме еден со друг како што Тој не љуби (Јован 13:34). Ако Бог е непристрасен и сите не сака непристрасно, тогаш и ние треба да ги сакаме другите со тој ист висок стандард. Во Матеј 25 глава Исус поучува дека што му правиме на еден од Неговите најмали браќа, тоа Му го правиме и Нему. Ако третираме некоја личност со презир, ние малтретираме лице создадено во Божјиот лик; ние повредуваме некој кој Бог го љуби и за кого Исус умрел.
Расизмот, во различни форми и во различни степени, е чума на човештвото за илјадници години. Браќа и сестри од сите етнички заедници, ова не треба да биде така. Жртвите на расизмот, предрасудата, и дискриминацијата треба да простуваат. Ефесјаните 4:42 вели, “А еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“. Расистите можеби не го заслужуваат твоето опростување, но ние уште помалку го заслужуваме Божјото опростување. Оние кои практикуваат расизам, предрасуда, и дискриминација треба да се покајат. “И не дозволувајте вашите органи на гревот да станат орудија на неправдата, туку препуштете се на Бога како оживени од мртвите, а органите ваши да станат орудија на правдата“ (Римјаните 6:13). Нека Галатјаните 3:28 биде целосно реализирано, “Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса“.
English
Што Библијата вели за расизамот, предрасудите, и дискриминацијата?