settings icon
share icon
Прашање

Што е грабнувањето на црквата?

Одговор


Зборот грабнување на постои во Библијата. Терминот доаѓа од латинскиот збор кој значи “носи/донесува надвор, транспорт или грабање.“ Концептот на “носи/донесува надвор“ или грабнувањето на црквата е јасно учење во Светото Писмо.

Грабнувањето на црквата е настанот во кој Бог ги “зграбува“ сите верници од Земјата со цел да се направи пат за Неговиот праведен суд да биде излеан на Земјата во текот на периодот на страдањето. Грабнувањето е опишано првенствено во 1 Солунјаните 4:13 – 18 и 1 Коринтјаните 15:50-54. Бог ќе ги воскресне сите верници кои умреле, ќе им даде прославени тела, и ќе ги зеде од Земјата, заедно со сите живи верници, кои исто така ќе добијат прославени тела во тоа време. “Бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа“ (1 Солунјаните 4:16-17).

Грабнувањето ќе вклучува моментална трансформација на нашите тела да ни одговараат за во вечноста. “Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, оти ќе Го видиме каков што е (1 Јован 3:2). Треба да се прави разлика помеѓу грабнувањето и второто доаѓање на Христос. Во грабнувањето, Господ доаѓа “во облаците“ да се сретне со нас “во воздухот“ (1 Солунјаните 4:17). На второто доаѓање, Господ се спушта долу на земјата да застане нa Маслинова Гора, со што резултира со голем земјотрес проследен со поразот на Божјите непријатели (Захарија 14:3-4).

Доктрината за грабнувањето не се изучуваше во Стариот Завет, баш затоа Павле ја нарекува “мистерија“ сега откриена: “Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме (1 Коринтјаните 15:51-52).

Грабнувањето е славен настан за кој сите ние треба да копнееме. Конечно ќе бидеме ослободени од гревот. Ќе бидеме во Божјото присуство засекогаш. Постои премногу дебата за значењето и подрачјето на грабнувањето. Ова не е Божјата намера. Наместо тоа, грабнувањето треба да биде утешувачка доктрина полна со надеж; Бог сака да се “утешуваме еден со друг со овие зборови“ (1 Солунјаните 4:18).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е грабнувањето на црквата?
© Copyright Got Questions Ministries