settings icon
share icon
Прашање

Кога / Како Го примаме Светиот Дух?

Одговор


Апостолот Павле јавно учи дека Го примаме Светиот Дух, во моментот кога Го примаме Исус Христос како наш Спасител. 1 Коринтјаните 12:13 вели: “Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени.“ Римјаните 8:9 ни кажува дека ако некоја личност не Го поседува Светиот Дух, тогаш тој или таа не му припаѓаат на Христос. “Вие живеете не по тело, туку по дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.“ Ефесјани 1:13-14 не учи дека Светиот Дух е печатот на спасението за сите тие кои веруваат: “Во Него и вие, откако го чувте словото на вистината – Благовестието за вашето спасение – и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух, кој е залог за нашето наследство, та да се откупи Неговото достоинство за пофалба на Неговата слава.“

Од овие три пасуси ни станува јасно дека Светиот Дух се прима во моментот на спасението. Павле не би можел да каже дека сите ние сме крстени од еден Дух и на сите ни е даден еден Дух да пиеме ако сите верници од Коринт не Го поседуваа Светиот Дух. Римјаните 8:9 е уште посилен стих, кој вели дека ако некоа личност го нема Светиот Дух, таа личност не Му припаѓа на Христос. Затоа, поседувањето на Светиот Дух е идентификувачки фактор за поседување на спасението. Понатаму, Светиот Дух не би можел да биде “печат на спасението“ (Ефесјаните 1:13-14) ако Тој не е примен во моментот на спасението. Многу стихови прават да биде изобилно јасно спасението е сигурно од моментот кога Го примаме Христос како наш Спасител.

Оваа дискусија е контроверзна бидејќи службите на Светиот Дух често се доведени во забуна. Исполнувањето со Светиот Дух е тековен процес во Христијанскиот живот. Додека ние стоиме зад тоа дека крштевањето на Светиот Дух се случува во моментот на спасението, некои Христијани не стојат зад тоа. Понекогаш ова резултира крштевањето на Светиот Дух да биде доведено до забуна со “примањето на Духот“ како чин после спасението.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кога / Како Го примаме Светиот Дух?
© Copyright Got Questions Ministries