Прашање
Која е правилната религија за мене?
Одговор
Рестораните за брзо хранење нè соблазнуваат со тоа што ни дозволуваат да си ја порачаме онаа храна, која ја сакаме. Во некои кафетерии се понудуваат и стотина различни ароми на кафе. Дури и кога си купуваме куќа или автомобил, можеме да побараме таква, што има се што сакаме да има нашата куќа или автомобил. Ние не живееме веќе во црно-бел свет. Изборот царува! Можеш да најдеш сè што сакаш и такво, какво што го сакаш.
А што да кажеме за тоа: која е најправилната религија за тебе? На пример -религија, што не те тера да се чувствуваш виновен, што нема никакви барања од тебе, што не ти досадува со „прави го тоа“ или „не прави го тоа“? Таа е таму и те чека, но дали треба да ја избираме религијата така, како што се избира сладолед?
Постојат голем број можности што се натпреваруваат помеѓу себе за да го добијат нашето внимание.Тогаш зошто треба да сметаме, дека Исус е нешто повеќе од, да кажеме, Мухамед, Конфучие, Буда, Чарлс Расел или Џозеф Смит? Сепак, нели сите патишта водат до рајот? Не се ли сите религии во основата еднакви? Вистината е, дека не сите религии водат до рајот, така, како и не сите патишта водат до Рим.
Единствено Исус зборува со Божји авторитет, затоа што само Тој ја победи смртта. Мухамед, Конфучие и другите се распаѓаат во своите гробови до ден денешен, додека Исус, со сопствена сила, излезе од гробот три дена после Неговата смрт на жестокиот римски крст. Секој, што има сила над смртта, го заслужува нашето внимание. Секој, што има сила над смртта, заслужува да биде слушан.
Диказите, кои го поткрепуваат воскресението на Исус Христос се страшно многу. Прво: Петстотини души се очевидци на воскреснатиот Исус! Тоа е еден огромен број на луѓе. Не може да се пренабрегнува сведочењето на петстотини души. Освен тоа, не можеме да го отфрлиме фактот дека гробот на Исус е празен. Непријателите на Исус не можат лесно да ја запрат историјата за Воскрснатиот Христос. Не можат да го покажат Неговото тело, што се распаѓа и со тоа сè да престане, зашто телото го нема. Гробот е празен! Возможно ли е учениците на Исус да го украле Неговото тело? Сигурно не! За да се осигураат од вакви или слични ситуации, главните свештеници и фарисеите бараат Пилат да изпрати стража што ќе го чува гробот на Исус. Ако имама во предвид, дека најблиските следбеници на Исус избегаа од страв при Неговото апсење и распнување на крст, тогаш е невозможно да веруваме дека оваа група од исплашени и тажни рибари да застане против добро вооружените и обучени војници, што го вардат гробот.
И повторно – секој, што има сила над смртта, заслужува да биде слушан. Исус докажа, дека има сила над смртта, така да, ние треба да го чуеме тоа што Ни го кажува. Исус тврди дека е единствениот пат кон спасението (Јован 14:6). Тој не еден од многуте патишта. Тој е патот.Истиот Исус кажува: „Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.“ (Матеј 11:28) Ние живееме во тешки времиња и животот ни е доста тежок. Повеќето од нас сме ранети, крвариме и носиме лузни од борбите што сме ги воделе. Дали се согласуваш? И така, што сакаш обновување или едносавно – религија? Жив Спасител или еден од многуте мртви „пророци“? Взаемни односи што имаат смисла или празни ритуали? Исус не е еден од изборите – Тој е изборот!
Исус е вистинската „религија“, ако бараш опростување (Дела 10:43). Исус е правилната „религија“, ако бараш вистински односи со Бог (Јован 10:10). Исус е вистинската „религија“ ако сакаш да имаш вечен дом во рајот (Јован 3:16). Насочи ја твојата вера кон Исус Христос како твој Спасител и нема да зажалиш! Имај доверба во Него и добиј опростување на твоите гревови – нема да се разочараш.
Ако сакаш да имаш „добри односи“ со Бог, тука ти предложуваме една молитва. Запомни дека тоа што ќе го изречеш во оваа или некоја друга молитва нема да те спаси од твоите гревови. Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! Оваа молитва е едноставо еден начин да ја изразиш пред Бога твојата вера во Него и да Му заблагодариш за спасението што Тој ти го подарува. „Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега, свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“
English
Која е правилната религија за мене?