settings icon
share icon
Прашање

Што е Второто Доаѓање на Исус Христос?

Одговор


Второто доаѓање на Исус Христос е надежта на верниците дека Бог е во контрола на сите нешта, и е верен на ветувањата и пророштвата во Своето Слово. Во Неговото прво доаѓање, Исус Христос дојде на Земјата како бебе во јасли во Витлеем, исто како што беше претскажано. Исус исполни многу од пророштвата на Месијата за време на Неговото раѓање, живот, служба, смрт, и воскресение. Сепак, има некои пророштва кои се однесуваат на Месијата кои Исус се уште Ги нема исполнето. Второто доаѓање на Христос ќе биде враќањето на Христос да Ги исполни преостанатите пророштва. Во Неговото прво доаѓање, Исус беше страдалниот Слуга. Во Неговото второ доаѓање, Исус ќе биде победоносниот Цар. Во Неговото прво доаѓање, Исус пристигна во најскромни околности. Во Неговото второ доаѓање Исус ќе пристигне со небесните војски на Своја страна.

Старозаветните пророци не правеа јасна разлика помеѓу овие две доаѓања. Ова може да се види во Исаија 7:14, 9:6-7 и Захарија 14:4. Како резултат на пророштвата навидум се зборува за две лица, многу Еврејски научници веруваат дека ќе има страдален Месија и победоносен Месија. Она што тие не успееја да го разберат е дека има само еден Месија и дека Тој ќе ги исполни двете улоги. Исус ја исполни првата улога на страдален слуга (Исаија 53 глава) во Неговото прво доаѓање. Исус ќе ја исполни и улогата на Избавител на Израел и Цар во Неговото второ доаѓање. Захарија 12:10 и Откровение 1:7, го опишуваат второто доаѓање, со поглед назад кон Исус како е прободен. Израел, и целиот свет, ќе жалат за тоа што не Го прифатија Месијата првиот пат кога Тој дојде.

Откако Исус се вознесе на небото, ангелите им соопштија на апостолите, “Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе во небото, ќе дојде така, како што Го видовте да оди во небо“ (Дела 1:11). Захарија 14:4 ја идентификува локацијата на второто доаѓање на Маслиновата Гора. Матеј 24:30 кажува, “И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава.“ Тит 2:13 го опишува второто доаѓање како “славно јавување.“

За второто доаѓање со најголеми детали се зборува во Откровение 19:11-16, “И го видов небото отворено, и ете, коњ бел. Оној, Кој јаваше на него, се вика Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува; очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име, кое освен Него, никој не го знаеше. И беше облечен во облека, натопена со крв, и со името – Слово Божјо. А небесните војски, облечени во бел и чист лен, врвеа по Него на бели коњи. Од устата Негова излегуваше остар меч, за да ги порази со него идолопоклониците. Тој ќе ги пасе со железен жезол, и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот. На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „ЦАР НАД ЦАРЕВИТЕ” и „ГОСПОДАР НАД ГОСПОДАРИТЕ.”

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е Второто Доаѓање на Исус Христос?
© Copyright Got Questions Ministries