settings icon
share icon
Прашање

Кои се знаците на последните времиња?

Одговор


Матеј 24:5-8 ни дава некои важни патокази за да можеме распознаеме знаците на последните времиња, “зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: »Јас сум Христос!« и ќе прелажат мнозина. Ќе слушате боеви и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, оти сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот. Зашто ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор и потреси.“ Зголеменост на лажни месии, зголемените војни, и зголеменост на глад, измами, и природни катастрофи – овие се знаците на последните времиња. Во овој пасус, сепак, дадено ни е предупредување: да не бидеме измамени, бидејќи овие настани се само почетокот на породилните болки; крајот се уште не е дојден.

Некои толкувачи укажуваат на секој земјотрес, секој политички пресврт, и секој напад на Израел како како сигурен знак дека последните времиња брзо се приближуваат. Додека овие настани може да сигнализираат за доаѓањето на последните времиња, тие не се нужни знаци дека последните времиња пристигнале. Апостолот Павле предупредува дека ќе донесат значително зголемување на лажното учење. “ А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења“ (1 Тимотеј 4:1). Последните денови се опишани како “опасни времиња“ поради зголемувањето на злобниот карактер на човекот и луѓето кои активно се “спротивставуваат на вистината“ (2 Тимотеј 3:1-9, види исто 2 Солунјаните 2:3).

Други можни знаци вклучуваат обнова на Еврејскиот храм во Ерусалим, зголемувањето на непријателството кон Израел, како и напредокот кон една светска влада. Најистакнатиот знак за последните времиња, сепак, е народот на Израел. Во 1948 година, Израел беше призната како суверена држава, Особено за прв пат од 70 та година. Бог му вети на Авраам дека неговото потомство ќе го има Ханаан како “вечно владеење“ (Битие 17:8), исто така и Езекиел прорече физичко и духовно оживување на Израел (Езекиел 37 глава). Имајќи го Израел како нација во сопствената земја е важно во светло на пророштвата за последните времиња поради постоењето на Израел во есхатологијата (Даниел 10:14; 11:41; Откровение 11:8).

Со овие знаци на ум, треба да бидеме мудри и разумни во однос на очекувањата на последните времиња. Не треба, како и да е, да ги толкуваме овие знаци како јасен показател за доаѓањето на крајот на времето. Бог ни даде доволно информации за да можеме да бидеме спремни, и тоа е она за кое што сме повикани.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кои се знаците на последните времиња?
© Copyright Got Questions Ministries