settings icon
share icon
Прашање

Која е дефиницијата за гревот?

Одговор


Во Библијата гревот е опишан како прекршување на Божјиот закон (1 Јован 3:4) и бунт против Бог (Второзаконие 9:7; Исус Навин 1:18). Гревот го имаше својот почеток со Луцифер, веројатно најубавиот и најмоќниот од сите ангели. Не задоволен со неговата позиција, тој посака да биде погоре од Бог, и тоа беше неговата пропаст, почетокот на гревот (Исаија 14:12-15). Преименуван Сатаната, тој го донесе гревот на човечката раса во Едемската градина, каде ги искушуваше Адам и Ева со истото мамење, “ќе бидете како Бог.“ Битие 3 го опишува бунтот на Адам и Ева против Бог и против Неговата заповед. Од тогаш па натаму, гревот се пренесува низ сите генерации на човештвото и ние, потомците на Адам, го наследивме гревот од него. Римјаните 5:12 ни кажува дека преку Адам гревот навлезе во светот, и со тоа смртта беше пренесена на сите луѓе бидејќи “платата за гревот е смрт“ (Римјаните 6:23).

Преку Адам, својствената наклонетост на гревот влезе во човечката раса, и човечките суштества станаа грешници по природа. Кога Адам згреши, неговата внатрешна природа беше трансформирана од неговиот грев на бунт, донесувајќи му духовна смрт и изопаченост која што ќе се пренесе на сите кои доаѓаат по него. Ние сме грешници не бидејќи грешиме; напротив, ние грешиме бидејќи сме грешници. Оваа пренесена изопаченост е позната како наследен грев. Исто како што ги наследуваме физичките карактеристики од нашите родители, ние ги наследуваме нашите грешни природи од Адам. Царот Давид жалеше поради поради оваа состојба на паднатата природа во Псалм 51:5: “Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја.“

Друг вид на грев е познат како припишан грев. Користен во финансиска и правна смисла, грчкиот збор преведен “припишан“ значи “да се земе нешто што му припаѓа на некој да му се даде на друг.“ Пред Законот на Мојсеј да биде даден, гревот на беше припишан на човекот, иако луѓето се уште беа грешници поради наследниот грев. Откако беше даден Законот, гревовите сторени против Законот им беа припишани (сметани) на нив (Римјаните 5:13). Дури и пред прекршоците на Законот да им бидат припишани на луѓето, главната казна за гревот (смртта) продолжи да владее (Римјаните 5:14). Сите луѓе, од Адам до Мојсеј, беа подложени на смрт, не поради нивните грешни дела против Мојсеевиот Закон (кои го немаа), туку поради нивната наследна грешна природа. После Мојсеј, луѓето беа подложени на смрт поради нивниот наследен грев од Адам и припишаниот грев од прекршувањето на Божјите закони.

Бог го користеше принципот на припишување во корист на човештвото, кога Тој го припиша гревот на верниците на сметка на Исус Христос, кој ја плати казната за тој грев – смрт – на крстот. Припишувањето на нашиот грев на Исус, Бог го третираше Него како Тој да беше грешник, иако Тој не беше, и дозволи да умре за гревовите на целиот свет (1 Јован 2:2). Важно е да се разбере дека гревот му беше припишан Нему, но Тој не го наследи од Адам. Тој ја понесе казната за гревот, но Тој никогаш не стана грешник. Неговата чиста и совршена природа беше недопрена од гревот. Тој беше третиран како Тој да беше крив за сите гревови некогаш сторени од човечката раса, иако Тој никогаш не направи грев. Во замена за тоа, Бог ја припиша праведноста на Христос на верниците и ја сметаше нашата праведност, како што нашите гревови ги сметаше на Исус (2 Коринтјаните 5:21).

Трет вид на грев е личниот грев, тој кој што е сторен секој ден од страна на секое човечко суштество. Бидејќи наследивме грешна природа од Адам, ние правиме поединечни, лични гревови, сѐ, од навидум невини невистини до убиство. Оние кои ја немаат ставено нивната вера во Исус Христос мора да ја платат казната за овие лични гревови, како и наследниот и припишаниот грев. Сепак, верниците се ослободени од вечната казна за гревот – пеколот и духовната смрт – но сега ние имаме сила да се спротивставиме на грешењето. Сега ние можеме да избереме дали ќе сториме или не лични гревови бидејќи ја имаме силата да му се спротивставиме на гревот преку Светиот Дух кој живее во нас, осветувајќи и убедувајќи не на нашите гревови кога ги правиме (Римјаните 8:9-11). Откако ќе ги исповедаме нашите лични гревови на Бог и побараме прошка за нив, ние сме обновени во совршено заедништво и заедница со Него. “Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секоја неправда“ (1 Јован 1:9).

Во право сме осудени сите три пати поради наследниот грев, припишаниот грев, и личниот грев. Единствената праведна казна за овој грев е смртта (Римјани 6:23), не само физичка смрт туку и вечна смрт (Откровение 20:11-15). За среќа, наследниот грев, припишаниот грев, и личниот грев беа распнати на крстот на Исус, и сега преку вера во Исус Христос како Спасител “имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат“ (Ефесјаните 1:7).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Која е дефиницијата за гревот?
© Copyright Got Questions Ministries