Прашање
Дали сите гревови се еднакви пред Бог?
Одговор
Во Матеј 5.21-28, Исус го изедначува правењето на прељуба со имањето похот во срцето и извршувањето убиство со имањето омраза во срцето. Сепак, ова не значи дека гревовите се еднакви. Она на што Исус сакаше да премине е дека гревот е се уште грев, дури и ако само сакаш да го сториш делото, без всушност да го извршиш. Религиозните лидери во времето на Исус поучуваа дека било во ред да се мисли нешто што сакаш да сториш, се додека не постапуваш по тие желби. Исус ги принуди да сфатат дека Бог ги суди мислите на поединецот како и неговите постапки. Исус изјави дека нашите постапки се резултат на тоа што има во нашите срца (Матеј 12:34).
Па, иако Исус рече дека похота и прељубата се гревови, тоа не значи дека тие се еднакви. Многу полошо е всушност да се убие личност, отколку едноставно да се мрази личност, и покрај тоа што и двата се гревови пред Бог. Постојат степени на гревот. Некои гревови се полоши од другите. Во исто време, во однос на вечните последици и спасението, сите гревови се исти. Секој грев води во вечна пропаст (Римјаните 6:23). Секој грев, без разлика колку е “мал,“ е против бесконечен и вечен Бог, и затоа е вреден за бесконечна и вечна казна. Понатаму, не постои грев премногу “голем“ кој Бог не може да го опрости. Исус умре да ја плати казната за гревот (1 Јован 2:2). Исус умре за сите наши гревови (2 Коринтјаните 5:21). Дали сите гревови се еднакви пред Бог? Да и не, Во тежина? Не. Во казна? Да. Во опростување? Да.
English
Дали сите гревови се еднакви пред Бог?