Прашање
Кој е христијанскиот поглед за пушењето? Зошто е погрешно да се пуши?
Одговор
Библијата никогаш директно не го споменува пушењето. Постојат принципи, сепак, кои дефинитивно се однесуваат на пушењето. Прво, Библијата ни заповедува да не дозволиме нашите тела да бидат “управувани“ од нешто. “Се ми е дозволено, но не е сѐ полезно. Сѐ ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене“ (1 Коринтјаните 6:12). Пушењето е несомнено силна зависност. Подоцна во истиот пасус ни се кажува, “Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји“ (1 Коринтјаните 6:19-20). Пушењето несомнено е многу лошо за вашето здравје. Докажано е дека пушењето ги оштетува белите дробови и срцето.
Може ли пушењето да се смета за “корисно“ (1 Коринтјаните 6:12). Може ли да се рече дека пушењето е навистина прославување на Бог со твоето тело (1 Коринтјаните 6:20)? Може ли личност искрено да пуши “за слава на Бог“ (1 Коринтјаните 10:31)? Ние веруваме дека одговорот на овие три прашања е убедливо “не.“ Како резултат на тоа, ние веруваме дека пушењето е грев и затоа не треба да се практикува од страна на следбениците на Исус Христос.
Некои тврдат против овој поглед со тоа што укажуваат на тоа дека многу луѓе јадат нездрава храна, која исто така може да биде зависна и лоша за телото. Како пример, многу луѓе се толку неконтролирано зависни од кофеин така што тие не можат да функционираат без нивната прва чаша кафе наутро. Додека ова е вистина, како тоа го прави пушењето исправно? Наше мислење е дека христијаните треба да избегнуваат ненаситност и премногу нездрава исхрана. Да, христијаните често се лицемерни со осудувањето на еден грев и преминувањето преку друг, но, повторно, ова не го прави пушењето за чест на Бог.
Друг аргумент против овој поглед за пушењето е дека многу побожни луѓе биле пушачи, како што е познатиот Британски проповедник Ч.Х Спрџан, кој беше познат по пушењето пури. Повторно, ние не веруваме дека овој аргумент држи некоја тежина. Ние веруваме дека Спрџан не беше во право во врска со пушењето. Дали тој беше побожен човек и фантастичен учител на Божјиот Збор? Апсолутно! Дали тоа ги прави сите негови постапки и навики за слава на Бог? Не.
Во изнесувањето дека пушењето е грев, ние не изнесуваме дека сите пушачи се не спасени. Постојат многу вистински верници во Исус Христос кои пушат. Пушењето не ја спречува личноста да биде спасена. Ниту пак предизвикува личноста да го изгуби спасението. Пушењето не е помалку опростлив од било кој друг грев, без разлика дали е за личност која станува христијанин или христијанин кој ги исповедува неговите/нејзините гревови пред Бог (1 Јован 1:9). Во исто време, ние цврсто веруваме дека пушењето е грев кој треба да се напушти, и со Божја помош да се надмине.
English
Кој е христијанскиот поглед за пушењето? Зошто е погрешно да се пуши?