settings icon
share icon
Прашање

Кои беа Божјите синови и човечките ќерки во Битие 6:1-4?

Одговор


Битие 6:1-4 упатува на Божјите синови и човечките ќерки. Имало повеќе предлози за тоа кои биле Божјите синови и зошто децата кои ги имале со човечките ќерки пораснале во раса на џинови (тоа е она што зборот Nephilim го дава на знаење).

Трите основни гледишта во врска со идентитетот на Божјите синови се:

1) Тие беа паднати ангели
2) Тие беа моќни човечки владетели
3) Тие беа побожни потомци на Сет кои склучиле брак со злите потомци на Каин

Давањето важност на на првата теорија е фактот дека во Стариот Завет изразот “Божји синови“ секогаш се однесува на ангели (Јов 1:6; 2:1; 38:7). Потенцијален проблем со ова е во Матеј 22:30, кое дава на знаење дека ангелите не се женат. Библијата не ни дава причина да веруваме дека ангелите имаат пол или се во можност да се размножуваат. Другите две гледишта го немаат овој проблем.

Слабоста на гледиштата 2) и 3) е во тоа што обичните човечки мажи, женејќи се со обични човечки жени не не известува зошто потомствата биле “џинови“ или херои од стари прочуени времиња.“ Понатаму, зошто Бог би одлучил да го донесе потопот на Земјата (Битие 6:5-7) кога Бог никогаш не забранил моќни мажи или потомци на Сет да се женат со обични човечки жени или потомци на Каин? Судот кој доаѓа во Битие 6:5-7 е поврзан со она што се случи во Битие 6:1-4. Само непристојните, перверзни бракови на паднатите ангели со човечките жени изгледа оправдуваат таков остар суд.

Како што напоменавме претходно, слабоста на првото гледиште е во тоа што Матеј 22:30 вели, “Зашто, при воскресението ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како Божјите ангели на небото.“ Меѓутоа, текстот не вели “на ангелите не им е дозволено да се женат.“ Наместо тоа, укажува само дека ангелите не се женат. Второ, Матеј 22:30 се однесува на “ангели на небото.“ Не се однесува на паднати ангели, кои не се грижат за Божјиот создаден ред и активно бараат начини да го прекинат Божјиот план. Фактот дека Божјите свети ангели не се женат или вклучуваат во сексуални односи не значи дека истото е точно и за Сатаната и неговите демони.

Гледиштето 1) е нај потенцијална позиција. Да, интересна “контрадикција“ е да се каже дека ангелите се бесполови а потоа да се каже дека “Божјите синови“ беа паднати ангели кои создаваат потомство со човечки жени. Меѓутоа, додека ангелите се духовни суштества (Евреите 1:14), тие може да се појават во човечка, физичка форма (Марко 16:5). Жителите на Содом и Гомор сакаа да имаат секс со двата ангела кои беа со Лот (Битие 19:1-5). Веројатно е дека ангелите се способни за преземање на човечки облик, дури и до точка на реплицирање на човековата сексуалност и можеби дури и репродукција. Зошто паднатите ангели не го правеа ова почесто? Изгледа дека Бог ги затвори паднатите ангели кои го сторија овој зол грев, така што другите паднати ангели да не го праваат истото (како што е опишано во Јуда 6). Поранешните еврејски толкувачи и апокрифните и псеудопиграфските пишувања се едногласни во држењето на ставот дека паднатите ангели се “Божјите синови“ споменети во Битие 6:1-4. Ова во никој случај не ја затвора дебатата. Сепак, гледиштето дека Битие 6:1-4 вклучува паднати ангели кои имаат односи со човечки жени има силни контекстуална, граматичка, и историска основа.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кои беа Божјите синови и човечките ќерки во Битие 6:1-4?
© Copyright Got Questions Ministries