settings icon
share icon
Прашање

Како Божјата сувереност и човечката слободна волја делуваат заедно во спасението?

Одговор


Невозможно е за нас целосно да го разбереме односот помеѓу Божјата сувереност и човечката слободна волја и одговорност. Само Бог навистина знае како тие функционираат заедно во Неговиот план за спасението. Веројатно повеќе од било која друга доктрина, со ова прашање, од голема важност е да ја признаеме нашата неспособност да се сфати во целост природата на Бог и нашиот однос со Него. Одејќи премногу далеку на било која страна резултира со нарушено разбирање на спасението.

Библијата е јасна дека Бог знае кој ќе биде спасен (Римјаните 8:29; 1 Петар 1:2). Ефесјаните 1:4 ни кажува дека Бог не избрал “уште пред светот да се создаде.“ Библијата постојано ги опишува верниците како “одбраните“ (Римјаните 8:33; 11:5; Ефесјаните 1:11; Колосјаните 3:12; 1 Солунјаните 1:4; 1 Петар 1:2; 2:9) и “избраните“ (Матеј 24:22, 31; Марко 13:20, 27; Римјаните 11:7; 1 Тимотеј 5:21; 2 Тимотеј 2:10; Тит 1:1; 1 Петрово 1:1). Фактот дека верниците се предодредени (Римјаните 8:29-30; Ефесјаните 1:5, 11), и избрани (Римјаните 9:11; 11:28; 2 Петрово 1:10), за спасение е очигледно јасен.

Библијата исто така вели дека ние сме одговорни за примање на Христос како Спасител – се што треба е да веруваме во Исус Христос и ќе бидеме спасени (Јован 3:16; Римјани 10:9-10). Бог знае кој ќе се спаси, Бог избира кој ќе се спаси, а ние мораме да Го избереме Христос со цел да бидеме спасени. Како овие три факти делуваат заедно е невозможно за ограничен ум да разбере (Римјаните 11:33-36). Наша одговорност е да го проповедаме Евангелието на целиот свет (Матеј 28:18-20; Дела 1:8). Предзнаењето, избраноста, и предодреденоста треба да ги оставиме на Бог и едноставно да бидеме послушни во споделување на Евангелието.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Како Божјата сувереност и човечката слободна волја делуваат заедно во спасението?
© Copyright Got Questions Ministries