Што е духовен раст?



Прашање: Што е духовен раст?

Одговор:
Духовен раст е процесот на станување се посличен и посличен на Исус Христос. Кога ја ставаме нашата вера во Исус, Светиот Дух започнува го процесот да не прави се послични и послични на Него, преобразувајќи не во Неговиот лик. Духовниот раст е можеби најдобро опишан во 2 Петар 1:3-8, кој ни кажува дека дека преку Божјата сила имаме “се што ни е потребно“ да живееме побожни животи, која е целта на духовниот раст. Забележете дека тоа што ни треба доаѓа “преку нашето знаење за Него,“ кој е клучот за добивање на се што ни е потребно. Нашето знаење за Него доаѓа од Зборот, кој ни е даден за наше усовршување и раст.

Постојат две листи во Галатјаните 5:19-23. Стиховите 19-21 ги наведуваат “делата на телото.“ Овие се работите кои ги одредуваа нашите животи пред да дојдеме до Христос за спасение. Делата на телото се активностите кои треба да ги исповедаме, да се покаеме, и, со Божја помош, да се надминат. Како што го доживуваме духовниот раст, помалку и помалку “делата на телото“ ќе бидат евидентни во нашиот живот. Втората листа се “плодовите на Духот“ (стихови 22-23). Овие се она што треба да ги карактеризираат нашите животи сега, сега кога имаме искусено спасение во Исус Христос. Духовниот раст е идентификуван така што плодот на Духот станува се повеќе и повеќе очигледен во животот на верникот.

Кога трансформацијата на спасението зазема место, духовниот раст започнува. Светиот Дух живее во нас (Јован 14:16-17). Ние сме нови созданија во Христос (2 Коринтјаните 5:17). Старата, грешна природа започнува да го предава патот на новата, Христолика природа (Римјаните 6:7). Духовниот раст е доживотен процес, кое зависи од нашето проучување и примена на Божјиот Збор (2 Тимотеј 3:16-17) и нашиот од во Духот (Галатјани 5:16-26). Како што бараме духовен раст, треба да Му се молиме на Бог и да бараме мудрост во врска со областите во кои Тој сака да пораснеме. Може да побараме од Бог да ја зголеми нашата вера и знаење за Него. Бог сака ние да растеме духовно, и Тој ни даде се што ни е потребно да доживееме духовен раст. Со помошта од Светиот Дух, можеме да го надминеме гревот и постојано да стануваме се повеќе како нашиот Спасител, Господ Исус Христос.


вратете се назад на основната македонска страница

Што е духовен раст?