Прашање
Што Библијата вели за духовната борба?
Одговор
Постојат две основни грешки кога станува збор за духовната борба – пренагласување и потценување. Некои за секој грев, секој конфликт, и за секој проблем ги обвинуваат демоните кои треба да се истерат. Други целосно ја игнорираат духовната сфера и фактот дека Библијата ни кажува дека нашата битка е против духовните сили. Клучот за успешна духовна борба е да се најде библиски баланс. Исус понекогаш истеруваше демони од луѓето; понекогаш Тој исцелуваше луѓе без споменување на демони. Апостолот Павле ги поучува христијаните да започнат војна против гревот во нив самите (Римјани 6) и нѐ предупредува да се спротивставуваме на измамите на ѓаволот (Ефесјани 6:10-18).
Ефесјаните 6:10-12 вели, “Браќа, потсилувајте се во Господа и во силата на Неговата моќ! Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство; оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.“ Овој текст не учи на некои вистини од суштинско значење: можеме да останеме силни само во Божјата сила, Божјиот оклоп е тој кој не штити, и нашата борба главно е против духовните сили на злото во светот.
Ефесјаните 6:13-18 е опис на духовниот оклоп кој Бог ни го дава. Ние треба да застанаме цврсто со појасот на вистината, со оклопот на праведноста, евангелието на мирот, штитот на верата, шлемот на спасението, мечот на Духот, и молењето во Духот. Што претставуваат овие делови од духовниот оклоп во духовната борба? Ние треба да ја знаеме вистината, да веруваме во вистината, и да ја зборуваме вистината. Треба да почиваме во фактот дека ние сме прогласени за праведни поради Христовата жртва за нас. Треба да го објавуваме Eвангелието, без разлика со колку отпор се соочуваме. Не треба да се колебаме во нашата вера, туку треба да веруваме во Божјите ветувања без разлика на тоа колку силно сме напаѓани. Нашата крајна одбрана е сигурноста која ја имаме за нашето спасение, сигурност која ниту една духовна сила не може да ја одземе. Нашето офанзивно оружје е Божјиот Збор, не нашите мислења и чувства. И ние треба да се молиме во силата и волјата на Светиот Дух.
Исус е нашиот врвен пример за спротивставување на искушението во духовната борба. Забележете како Исус постапуваше со директните напади од Сатаната кога Тој беше искушуван во пустината (Матеј 4:1-11). Секое искушение беше војувано со зборовите “напишано е.“ Зборот на живиот Бог е најмоќното оружје против искушенијата на ѓаволот. “Во срцето го запазив Твојот збор, за да не згрешам против Тебе“ (Псалм 119:11).
Збор за претпазливост во врска со духовната борба е на ред. Никаде во Библијата не ни е наложено да истеруваме демони или да зборуваме со нив. Името на Исус не е магичен збор кое предизвикува демоните да бегаат од нас. Седумтте синови на Скева се пример за тоа што може да се случи кога луѓето си дозволуваат авторитет кој не им е даден (Дела 19:13-16). Дури и Архангел Михаил не го укори Сатаната во својата моќ, туку рече: “Господ да те спречи!“ (Јуда 1:9). Кога ќе почнеме да зборуваме со ѓаволот, ризикуваме да бидеме заведени како што беше Ева (Битие 3:1-7). Нашиот фокус треба да биде на Бог, не на демоните; му зборуваме на Нему, а не на нив.
Во резиме, што е клучно за успех во духовната борба? Се потпираме целосно на Божјата сила, не нашата. Го ставаме целиот Божји оклоп. Се навраќаме на моќта на Библијата – Божјиот Збор е мечот на Духот. Се молиме со упорност и светост, принесувајќи ја нашата молба кон Бог. Стоиме цврсто (Ефесјаните 6:13-14); се покоруваме на Бог; се спротивставуваме на работата на ѓаволот (Јаков 4:7), знаејќи дека Господ над Воинствата е нашиот заштитник. “Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам“ (Псалм 62:2).
English
Што Библијата вели за духовната борба?