Прашање
Што е замената за помирување?
Одговор
Замената за помирување се однесува за Исус Христос како умира како замена за грешниците. Библијата учи дека сите луѓе се грешници (Римјани 3:9-18, 23). Казната за нашата грешност е смртта. Римјаните 6:23 вели, “Оти, платата, што ја дава гревот, е смрт, а дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса, нашиот Господ.“
Овој стих не учи неколку работи. Без Христос, ние ќе умреме и ќе ја поминеме вечноста во пеколот како казна за нашите гревови. Смртта во Библијата се однесува на “одвојување.“ Секој ќе умре, но некои ќе живеат со Господ во вечноста. Смртта која се споменува овде се однесува на животот во пеколот. Сепак, втората работа која овој стих не учи е дека вечниот живот е возможен преку Исус Христос. Ова е замената за помирување.
Исус Христос умре на наше место кога Тој беше распнат на крстот. Ние заслуживме да бидеме тие кои што требаше да висат на тој крст и да умреме бидејќи ние сме тие кои живеат грешни животи. Но Христос ја зеде казната врз Себеси наместо нас – Тој Самиот се замени за нас, и го зеде тоа што ние со право го заслужувавме. “Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Он место нас Го направи грев, та преку Него да станеме правда Божја“ (2 Коринтјани 5:21).
“Тој сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговите рани се исцеливте”. (1 Петар 2:24). Овде повторно гледаме дека Христос ги зеде гревовите кои ние ги сторивме на Самиот Себе да ја плати цената за нас. Неколку стихови понатаму читаме, “Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведен за неправедните, за да не приведе при Бога; навистина, Тој, Кој, беше убиен во тело, оживеа преку Духот“ (1 Петар 3:18). Овие стихови не само што не учат за замената што Христос беше за нас, но тие исто така не учат дека Тој беше помирувањето, што значи дека Тој плати за грешноста на човекот.
Уште еден пасус кој зборува за замената за помирување е Исаија 53:55. Овој стих зборува за доаѓањето на Христос Кој треба да умре на крстот за нашите гревови. Ова пророштво е многу детално, и распнувањето се случи баш така како што беше претскажано. “А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме.“ Обрнете внимание на замената. Овде повторно гледаме дека Христос ја плати цената за нас!
Ние можевме да ја платиме цената за гревот од нас со тоа што ќе бевме казнети и сместени во пеколот за сета вечност. Но Божјиот Син, Исус Христос, дојде на земјата да ја плати цената за нашите гревови. Бидејќи Тој го стори ова за нас, ние сега ја имаме можноста не само да ни бидат опростени гревовите, туку и да ја поминеме вечноста со Него. Со цел да се направи ова, мора да ја ставиме нашата вера во тоа што Христос го направи на крстот. Неможеме да се спасиме самите себеси; ни треба замена на нашето место. Смртта на Исус Христос е замената за помирувањето.
English
Што е замената за помирување?