settings icon
share icon
Прашање

Што се Неволјите? Како знаеме дека Неволјите ќе траат седум години?

Одговор


Неволјите се иден седум-годишен период на време кога Бог ќе го заврши Своето дисциплинирање на Израел и ќе го потврди Својот суд на неверниот свет. Црквата, составена од сите оние кои поверуваа во личноста и делото на Господ Исус да Ги спаси од тоа да бидат казнети за гревот, нема да биде присутна во текот на неволјите. Црквата ќе биде отстранета од земјата во настан познат како Грабнувањето (1 Солунјаните 4:13-18; 1 Коринтјаните 15:51-53). Низ целото Писмо, неволјите се нарекуваат со други имиња како:

1) Господовиот Ден (Исаија 2,12; 13,6. 9; Јоил 1,15; 2,1. 11. 31; 3,14; 1 Солунјаните 5,2)
2) мака или неволја (Второзаконие 4:30; Софонија 1:1)
3) Големите неволји, а се однесува на нај интензивната втора половина од тој седум-годишен период (Матеј 24:21)
4) времето или денот на неволјата (Даниел 12:1; Софонија 1:15)
5) време на неволјата на Јаков (Еремија 30:7)

Разбирање на Даниел 9:24-27 е потребно со цел да се разбере целта и времето на неволјите. Овој пасус зборува за 70 недели кои беа признати против “твојот народ.“ Луѓето на Даниел се Евреите, народот на Израел, и Даниел 9:24 зборува за период на време кој Бог Го даде “За да се доврши престапот, за да му се стави печат на гревот, за да се покрие беззаконието, за да се воведе вечна праведност, за да им се стави печат на привидот и на пророците, за да се помази Светиот над светите.“ Бог вели дека “седумдесетте седмици“ ќе ги исполнат овие работи. Ова се 70 седмици на години, или 490 години. (Некои преведувачи протолкуваат на 70 седмици од години.) Ова е потврдено од страна на друг дел од овој пасус во книгата на Даниел. Во 25 и 26 стих, на Даниел му е кажано дека Месијата ќе биде погубен после “седум седмици и шеесет и две седмици“ (вкупно 69), после декретот за обнова на Израел, Месијата ќе биде погубен. Библиските историчари потврдуваат дека 483 години поминаа од декретот за одново изградување на Израел до времето кога Исус беше распнат. Повеќето Христијански научници, без оглед на нивниот поглед на есхатологијата (идните работи/настани), го имаат горе наведеното разбирање на Даниеловите 70’ седмици.

Со поминатите 483 години поминати од декретот за обнова на Израел до погубувањето на Месијата, ова остава еден седум-годишен период кој треба да биде исполнет во однос на Даниел 9:24: “За да се доврши престапот, за да му се стави печат на гревот, за да се покрие беззаконието, за да се воведе вечна праведност, за да им се стави печат на привидот и на пророците, за да се помази Светиот над светите.“ Овој последен седум-годишен период е познат како период на Неволјите – тоа е време кога Бог ќе Го заврши судењето на Израел поради неговиот грев.

Даниел 9:27 ни дава неколку моменти од седум-годишниот период на неволји: “И во една седмица ќе го потврди заветот за мнозина, а во половината на седмицата ќе престане жртвата и приносот, а на крилото од светилиштето ќе настапи грозноста на запустувањето и крајот на предопределената погибел ќе го постигне запустувачот.” Личноста за кој стихот зборува е личноста која Исус ја нарекува “одвратноста на запустувањето“ (Матеј 24:15) и е наречен “ѕверот“ во Откровение 13. Даниел 9:27 вели дека ѕверот ќе склучи завет на една седмица (7 години), но на средина од оваа седмица (после три и пол години од траењето на неволјите), тој ќе го прекрши заветот, ставајќи крај на жртвата. Откровение 13 објаснува дека ѕверот ќе постави слика од самиот себе во храмот и ќе бара од светот да го обожаваат. Откровение 13:5 вели дека ова ќе трае 42 месеци, што е три и пол години. Бидејќи Даниел 9:27 вели дека ова ќе се случува на средина од седмицата, и Откровение 13:5 вели дека ѕверот ќе го прави ова во период од 42 месеци, лесно е да се види дека вкупното траење е 84 месеци или седум години. Види исто Даниел 7:25, каде “времето, времињата, и половина време“ (времето=1 година; времињата=2 години; и половина време=1/2 година; вкупно 3 и пол години) исто се однесува на “големите неволји,“ последната половина од седум-годишниот период на неволјите кога ѕверот ќе биде на власт.

За понатамошно проучување на неволјите, види Откровение 11:2-3, кое зборува за 1260 дена и 42 месеци, и Даниел 12:11-12, кое зборува за 1290 дена и 1335 дена. Овие денови посочуваат на средина од неволјите. Дополнителните денови во Даниел 12 може да го вклучуваат времето на на крајот за судењето на народите (Матеј 25:31-46) и времето за воспоставувањето на Христовото илјадагодишно царство (Откровение 20:4-6).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што се Неволјите? Како знаеме дека Неволјите ќе траат седум години?
© Copyright Got Questions Ministries