Прашање
Како во мојот христијански живот да го преодолеам гревот?
Одговор
Во Библијата се зборува за следните четири извори, кои можат да ни помогнат да ја преодолееме нашата грешна природа.
1. Светиот Дух – Еден од даровите, кои Бог ни даде (на Неговата Црква), за да живееме победнички христијански живот е Светиот Дух. Бог ги споредува делата на гревот и плодовите на Духот во Галатјаните 5:16-25. Во тие стихови ние сме повикани да одиме по Духот. Сите верници Го имаат Светиот Дух, но во овие стихови ни се кажува дека треба да одиме по Духот т.е. да го предадеме нашиот живот под Негова контрола. Тоа означува да се однесуваме така како што сака Тој, а не како што посакува нашето тело.
Пример за тоа како Светиот Дух може да го промени животот на верникот е животот на Патар, кој пред да биде исполнет со Светиот Дух се одрече од Исус три пати, малку подоцна откако Му кажа, дека ќе Го следи до крајот на својот живот. Откако беше исполнет со Светиот дух, тој со храброст и отворено им зборуваше на јудеите за Спасителот на празникот Педесетница.
Христијанинот оди по Дух обидувајќи се да не го „поклопува“, т.е. да не го спотајува она, кон кое светиот Дух го поттикнува („Не гаснете Го Духот!“ се вели во 1 Солунци 5:19), и наместо со тоа, тој се стреми да се исполнува со Него. Како да се исполнуваме со Светиот Дух? На прво место треба да знаеме, дека Бог е Оној, Кој одлучува кого да исполни, како што е опишано и во Стариот Завет. Тој избира конкретни случки и конкретни луѓе, кои да ги исполни со Својот Дух, за тие да го извршат делото, кое Тој сака да биде извршено (Битие 41:38; Излез 31:3; Броеви 24:2; I Самуил 10:10 и т.н.). Верувам дека Ефесјани 5:18-21 и Колосјаните 3:16 се сведоштво за тоа, дека Бог ги избира да ги исполни оние, кои се исполнуваат со Божјото Слово, кое се гледа од фактот дека резултатите од тоа исполнување е секогаш ист. И така стигнуваме до следниот столб.
2. Божјото Слово, Библијата – во 2 Тимотеј 3:16 се кажува, дека Бог ни го дал Своето Слово, за да не подготви за секое добро дело. Тоа не учи како да живееме и во што да веруваме, ни покажува кога сме тргнале по погрешни патишта, ни помага да се вратиме назад во вистинскиот пат, како и да останеме на него. Како што во Евреи 4:12 се кажува тоа е живо и работи, може да проникне длабоко во нашите срца и да ги искорени и најголемите проблеми, кои по човечки, никогаш не можат да бидат решени. Псалмопеачот зборува за неговата преобразувачка сила во Псалм 119:9, 11, 105 и во други стихови. На Исус Навин му беше кажано, дека за да ги победи своите непријатели (кое е аналогија на духовната борба, која ја водиме ние), не треба да го заборава тој „извор“ и дека треба да размислува за него дење и ноќе, за да го исполнува тоа, што го пише во него. И тој го исполнуваше тоа дури и кога заповедите од Бога му изгледаат наполно бесмислени од воена гледна точка. Тоа е тајната на неговата победа во битката за Ветената земја.
Ние често се однесуваме несериозно кон овој извор. Се правиме дека го користиме и си ги носиме нашите библии кога одиме во црква, или читаме по еден куплет или глава од Словото секој ден, но се трудиме да го запомниме ниту да размислуваме врз него, не бараме начин како да го примениме во нашите животи, не ги исповедаме гревовите, за кои Словото не изобличува, не Го прославуваме Бог за дарбите,кои Словото ни ги открива. Многу пати кон Библијата ние се однесуваме како луѓе, кои боледуваат од анорексија (ја мразат храната), или како луѓе, кои се болни од булимија (не ја задржуваат храната во својот желудник – бел. ред.). Ние или го примаме Словото само толку колку што ни е потребно, за да останеме духовно живи – така што го слушаме само кога одиме на црква (но никогаш не земаме повеќе, за да бидеме навистина здрави христијани, кои се развиваат навистина добро), или се храниме доста често со Словото, но никогаш не размислуваме доволно врз него, за да бидеме духовно нахранети.
Многу важно е, ако немате навика да го изучувате секојдневно Божјото Слово и да учите напамет стихови, кои Светиот Дух ти ги вложил во срцето, да започнеш да создаваш една таква навика. Те советувам да започнеш да си водиш и дневник (може и во твојот компјутер ако пишуваш побрзо) во некоја тетратка. Создај си таква навика да не застануваш со читањето на Словото додека не напишеш нешто, што си го научил од него. Јас често си запишувам молитви кон Бога, со кои се молам да ме променува во области, во кои Тој ми покажал дека треба да се променам. Библијата е Словото, кое Духот го користи во нашиот живот како и во животот на другите (Ефесјани 6:17), тоа е важен и основен дел од оружјето, кое што Бог ни го дал за да водиме духовни битки (Ефесјани 6:12-18 )!
3. Молитвата – тоа е еден друг важен извор, кој Бог ни го дал. И повторно ова е еден извор, кој што христијаните го користат само на зборови и бегло. Ние имаме молитвени состаноци, определени часови за молитва и т.н., но не ја користиме молитвата така, како што ја користела Раната Црква (Дела 3:1; 4:31; 6:4; 13:1-3 и т.н.). Апостолот Павле многу пати споменува како се моли за луѓето, на кои што служи. Ние не го користиме овој извор дури и кога сме сами со себе. Бог ни дал прекрасни ветувања во однос на молитвата (Матеј 7:7-11; Лука 18:1-8; Јован 6:23-27; I Јован 5:14-15 и т.н.).Молитвата, исто така, влегува во куплетот за нашата подготовка за духовни војувања (Ефесјани 6:18).
Колку е важна молитвата? Ако се вратиме кај Петар, можеме да прочитаме што му кажува Исус во Гециманската градина малку пред Петар да се одрече од Него. Таму додека Исус се моли Петар заспива. Исус го разбуди и му кажа: „Бдејте и молете се, за да не попаднете во искушение! Духот е бодар но телото е слабо.“ (Матеј 26:41) И ние, исто како Петар, сакаме да го правиме она што е правилно но немаме сили за тоа. Затоа треба да го следиме Божјиот совет, и понатаму да бараме, и понатаму да тропаме, и понатаму да бараме... И тој ќе ни ја даде потребната сила (Матеј 7:7,8). Затоа потребно е да го користиме овој извор, притоа не само со зборови но и на пракса.
Со тоа не сакам да кажам дека молитвата има некакво волшебно дејство, зашто тоа не е така. Бог е Оној, Кој е велик. Преку молитвата ние ја признаваме нашата немоќ и огромната Божја сила, и се обраќаме кон Него да ни ја даде таа сила, за да го исполниме она, што ТОЈ сака да го направиме (а не тоа, што нам ни се сака) (I Јован 5:14-15).
4. Црквата. Последниот од изворите, кого исто така сме спремни да не му обраќаме доволно внимание. Кога Исус ги испрати Своите ученици, Тој ги испрати по двајца (Матеј 10:1). Кога читаме за мисионерските патувања во Дела, гледаме дека мисионерите не патуваат сами а на групи од по двајца или повеќе луѓе. Исус кажува, дека таму каде што двајца или тројца се собрани во Неговото име, дека и Тој е таму со нив (Матеј 18:20) Тој ни заповеда да не престануваме да се собираме, како што некои направиле, за да ги користиме тие собирања да се охрабруваме еден со друг кон љубов и кон добри дела (Евреи 10:24-25). Ни кажува да си ги исповедаме нашите гревови еден на друг (Јаков 5:16). Во литературата на мудроста во Стариот завет пише, дека железото го остри железо и по ист начин човек го наострува лицето на својот пријател (Пословици 27:17). „И троструко јаже не се кине скоро.“ (Проповедник 4:11-12). Човек е посилен кога не е сам.
Познавам луѓе, кои си нашле браќа во Христос или сестри во Христос (ако се жени) кои по телефон или лично си споделуваат за нивниот христијански живот, низ какви борби поминуваат и т.н., се посветуваат на тоа да се молат еден за друг и се стремат кон одговорност за применувањето на Божјото Слово во своите односи и т.н.
Понекогаш промената настапува многу брзо. Има и такви области, во кои промената настапува многу бавно. Но Бог ни ветува дека ако ги користиме овие извори, кои Тој ни ги дал, Тој ЌЕ го промени нашиот живот. Продолжувај напред и знај дека Тој е верен да го исполни она што го ветил.
English
Како во мојот христијански живот да го преодолеам гревот?