settings icon
share icon
Прашање

Зошто Раѓањето на Исус од девица е толку важно?

Одговор


Доктрината за раѓањето на Исус од девица е круцијално важна (Исаија 7:14; Матеј 1:23; Лука 1:27, 34). Прво, ајде да погледнеме како Светото Писмо го опишува настанот. ‘’Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?’’ (Лука 1:34), Габриел вели: “Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени’’ (Лука 1:35). Ангелот го охрабрува Јосиф да не се плаши да се ожени со Марија со овие зборови: “Зашто зачнатото од неа е од Светиот Дух’’ (Матеј 1:20). Матеј вели дека девицата ‘’е тешка од Светиот Дух’’ (Матеј 1:18). Галатјани 4:4 исто така наведува на Раѓањето на Девица: ‘’Бог го испрати Својот Син, Кој се роди од жена.’’

Од овие стихови, повеќе од јасно е дека раѓањето на Исус беше резултат од работата на Светиот Дух во телото на Марија. Нематеријалното (Светиот Дух) и материјалното (утробата на Марија) беа вклучени. Марија, се разбира, неможеше сама да се оплоди, и затоа во таа смисла таа беше само “сад”. Само Бог можеше да го направи чудото на Воплотувањето.

Сепак, негирајќи ја физичката врска помеѓу Марија и Исус би значело дека Исус не бил целосно човек. Библијата учи дека Исус беше целосно човек, со физичко тело како нашето. Тој го доби ова од Марија. Во исто време, Исус беше целосно Бог, со вечна, безгрешна природа (Јован 1:14; 1 Тимотеј 3:16; Евреите 2:14-17.)

Исус не беше роден во грев; така што, Тој немаше грешна природа (Евреите 7:26). Се чини дека грешната природа се пренесува од генерација на генерација преку таткото (Римјаните 5:12, 17, 19). Раѓањето на Исус од девица го заобиколува преносот на грешна природа и дозволува вечниот Бог да стане совршен човек.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Зошто Раѓањето на Исус од девица е толку важно?
© Copyright Got Questions Ministries