Прашање
Како можеме да го препознаеме гласот на Бог?
Одговор
Ова прашање е прашувано од безброј луѓе нив вековите. Самоил го чу гласот на Бог, но не го препозна се додека не беше поучен од Илија (1 Самоил 3:1-10). Гидеон имаше физичко откровение од Бог, и тој се уште се сомневаше во тоа што го слушна до точка да бара знак, не еднаш, туку три пати (Судии 6:17-22, 36-40). Кога го слушаме Божјиот глас, како можеме да знаеме дека Тој е Оној кој навистина ни зборува? Пред се, ние имаме нешто што Гидеон и Самоил немаа. Ние ја имаме целосната Библија, вдахновениот Божји Збор, да го читаме, проучуваме, и да размислуваме за него. “Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршенo подготвен за секое добро дело“ (2 Тимотеј 3:16-17). Кога имаме прашање за одредена тема или одлука во нашите животи, треба да видиме што Библијата има да каже за тоа. Бог никогаш нема да не води спротивно од тоа што Тој го поучил во Неговиот Збор (Тит 1:2).
Да го чуеме Божјиот глас ние мора да му припаѓаме на Бог. Исус рече, “Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по мене“ (Јован 10:27). Тие кои го слушаат Божјиот глас се тие кои што му припаѓаат Нему – тие кои се спасени преку Неговата благодат преку верата во Господ Исус. Овие се овците кои го слушаат и го препознаваат Неговиот глас, бидејќи тие го познаваат Него како нивен Пастир. Ако сакаме да го препознаеме Божјиот глас, треба да му припаѓаме Нему.
Го слушаме Неговиот глас кога минуваме време во проучувањето на Библијата и тивко размислување за Неговиот Збор. Колку повеќе време минуваме интимно со Бог и Неговиот Збор, толку полесно е да се препознае Неговиот глас и Неговото водење во нашите животи. Вработените во банката се тренирани да препознават фалсификати со проучување на вистински пари толку внимателно што е лесно да се препознаат лажните. Треба да бидеме блиски со Божјиот Збор така што кога некој ќе ни зборува грешка, тоа ќе биде јасно дека не е од Бог. Иако Бог може да зборува гласно на луѓето денес, Тој главно зборува преку Неговиот пишан Збор. Понекогаш Божјото водство може да дојде преку Светиот Дух, преку нашата совест, преку околностите, како и преку убедувањата од другите луѓе. Споредувајќи со тоа што го слушаме за вистината од Светото Писмо, можеме да научиме да го препознаваме Божјиот глас.
English
Како можеме да го препознаеме гласот на Бог?